На прво место

Македонската нација е жив организам со длабоки корени

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copyЈа сонувам и во песните ја споменувам, со мислите патувам и во сонојте ја посетувам.  Душата ми плачи и срцето ми се мачи, ке овенам,  како лист ке се исушам,  ке изгорам,  пепел ке се сторам ако почекам, ако несе вратам.  Сега се запалив и ништо неможи даме запри, желбата ми е голема, ке се вратам во мојата земја, во моето родно место.  Пред силата ке застанам и со голи раце ке се бранам.

Ке зборувам за вистината,  ке раскажувам за неправдината, нека се слушни по целиот свет за земјата наша што нија зедоа, што нија окупираа, што нија распарчија и од браќа и сестри што не оделија.  Окупаторите не мачеа, не асимилираа, не тераа, и без наша желба, без наше сакание, без никакво право иминјата ни ги изменаа. Ни ги изменаа иминјата на градовите  и селата, на планините, на реките, на езерата, ги изменаа и на гробиштата. Ни го забранија јазикот, песните, ората, ни ги изгореа книгите, ни ги затворија школите и црквите.

Ке пишувам за да остани, да несе заборави, да несе повтори за нас децата од 48 осма од мајките што не оделија, што не истераа, што не испадија, што не откорнаа од родните огништа и од сите Македонски соништа. Ке споменам и за тие што пред време изумреа, за тие што несе родија, за тие што несе вратија и во тугина што изгореа.

Ке им кажувам на помладите, на нашите и на тугите за Македонските комити како јауначки се бореа и како xеројски за слобода гинеа. Ке им кажувам да знаат колку народ загина, колку крв се пролеа, колку солзи се истурија и колку мајки во црно се облекоа.

Како се бројат бомбите, куршумите, градите издупени, лугјето ранети и убиени, андјарите наточени што сечеа глави човечки? Како кесе простат убиствата на вампирот Каравангелис, на Павло Мелас и на други на грците што му беа слуги.

Ако човек помисли за нашиот народ, несрекен, нефтесен, за маките што ги истрга. За еден залаг леб си работаше, земјата си ја копаше, со пот и солзи си ја вадеше, со мртви тела си ја ранеше.

Таа земја пуста, проклета со крв ја пролеа, сега друг му го бери плодот, сега друг се радва сонеа. Колку песни се испеани занеа, и колку се заборавени, зајгинати и колку украдени? Колку приказни се исказани од стари баби и колку несе испечатени? Колку камениа се искршени, по патишта, по калдерми, по куки и племни се кладени? Колку плитари се направени со вода и пот измесени? Колку куки, колку цркви, колку градови и села со Македонски раце се изградени?

Колку силно треба да врескаме светот дане чуе; зошто се мачиме и зошто плачиме? Колку тивко, колку благо треба даму зборуваме? Европа да разбери дека и ние сме лугје родени од мајки, дека и ние имаме право да живееме, човечки права да си бараме.

Уште колку крв ке треба да пролееме? Уште колку жртви ке треба да дадеме окупаторите да разберат дека и ние постоиме и ке постоиме како посебен народ од другите со своја држава, со јазик, историја и култура.

Македонската нација е жив организам со длабоки корени, Македонската крв во жилите расти и се плоди. Вистината не се покрива, вистината е тука со нас и затоа сме силни.  Лагите и пропагандите на грчкиот шовинизам се празни зборови, со времето кесе заборават, ке зајгинат, ке изчезнат. Македонија е една на Балканот, секогаш беше наша и секогаш ке биде наша, од кога угрева сонцето до кога зајдува, во нокта, во дениата Македонија ние земјата.      

Ѓорги Ф. Тодоровски

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top