На прво место

36 години ВМРО-ДПМНЕ-аманетот продолжува, Македонија вечна!

Од историскиот 17 јуни 1990 година до денес, ВМРО-ДПМНЕ останува симбол на надежта, државноста и борбата за Македонија.

Постојат денови што не припаѓаат само на календарот. Денови што стануваат дел од судбината на еден народ. Денови што остануваат запишани во колективната меморија како пресвртници меѓу минатото и иднината. За многу Македонци, 17 јуни 1990 година е токму таков ден.

Во време кога Македонија сѐ уште не беше независна држава, кога по децении едноумие и политички стеги народот копнееше по слобода, достоинство и национално будење, повторно се роди идејата што ги обедини Македонците околу едно име кое никогаш не исчезна од нивните срца – ВМРО.

На 17 јуни 1990 година, во Домот на млади во Скопје, беше формирана ВМРО-ДПМНЕ.

Но вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ не започна тогаш, ВМРО живееше многу пред тоа.

Живееше во илинденските камбани и во револуционерните заклетви. Во сонот на Гоце Делчев за Македонија како поле за културен натпревар меѓу народите. Во храброста на Даме Груев, Никола Карев, Питу Гули, Тодор Александров, Методија Андонов-Ченто,… Во делото на илинденците и асномците. Во жртвата на илјадници познати и непознати борци, во солзите на прогонетите, во маките на затворениците и во надежта на македонските иселеници расфрлани низ светот.

Затоа, на 17 јуни 1990 година кога повторно се слушнаа четирите свети букви – ВМРО – тоа не беше создавање на нешто ново. Тоа беше враќање на една историска идеја кај својот народ.

ВМРО никогаш не било само организација.

ВМРО е чувство што не може да се избрише.

ВМРО е аманет што се пренесува од генерација на генерација.

ВМРО е љубов кон Македонија која не се мери со титули, функции или политички позиции.

Во темелите на современата ВМРО-ДПМНЕ стои ВМРО и ДООМ-Движењето за ослободување и обединување на Македонија.

Македонската политичка емиграција во Европа, Австралија, Америка и Канада ја одржуваше живата искра на македонската национална идеја во времиња кога за многу национални теми не смееше ниту да се зборува.

Берлинските и минхенските средби, македонските клубови, црковните општини и иселеничките организации, безбројните протести, разговори, состаноци и иницијативи на патриотите ширум светот ја создаваа почвата од која подоцна израсна ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатите 36 години ВМРО-ДПМНЕ помина низ победи и порази, низ искушенија и предизвици, низ периоди на власт и опозиција. Но едно нешто остана непроменето-вербата дека Македонија мора да биде над сѐ.

Затоа многумина велат дека на Македонија ѝ е судена ВМРО.

Не како привилегија, туку како обврска. Како историска одговорност. Како должност кон сите генерации што сонуваа за слободна, достоинствена и просперитетна Македонија.

Денес, триесет и шест години подоцна, ВМРО-ДПМНЕ повторно ја предводи Владата на Македонија. Во време исполнето со нови предизвици, организацијата ја носи истата мисија што ја имаше и во 1990 година-да биде чувар на државните и националните интереси и двигател на развојот на Македонија.

                                                       ВМРО-ДПМНЕ-ИК 17 јуни 2024 година

На чело на таа генерациска мисија денес се наоѓа Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија. Продолжувајќи ја традицијата, тој ја води државата со визија за економски силна Македонија, модерна европска држава со зачуван идентитет, достоинство и самодоверба.

Најголемата сила на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш биле и остануваат луѓето – ветераните, верните чувари на организацијата и нејзините идеали, кои останаа исправени и тогаш кога беше најтешко; младите, кои ја преземаат одговорноста за иднината; жените, кои со својата посветеност ја градеа организацијата; членовите и симпатизерите, кои никогаш не ја изгубија вербата.

Затоа 17 јуни не е само годишнина. Тоа е ден на благодарност кон сите што ја создаваа организацијата. Ден на почит кон сите што се жртвуваа за Македонија. Ден на сеќавање на оние што повеќе не се меѓу нас, а ги вградија своите животи во оваа идеја.

17 јуни е ден на надеж за генерациите што доаѓаат.

Зашто Македонија не завршува на своите граници. Таа живее во секој Македонец, каде и да е. Во Европа, Австралија, Америка и Канада. Во Пиринска и Егејска Македонија. Во Мала Преспа и Гора. Во секое иселеничко огниште. Во секое македонско семејство. Во секое срце што чука за татковината.

Зашто ВМРО е дел од македонската историја.

ВМРО е дел од македонската борба.

ВМРО е дел од македонската државност.

ВМРО е дел од македонската надеж.

ВМРО е дел од македонската иднина.

ВМРО е Организација.

ВМРО-ДПМНЕ го продолжува аманетот на ВМРО.

Нека е честит 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ!

Да живее Организацијата!

Да живее Македонија!

На 17 јуни 2026 година, со почеток во 19:00 часот во Струмица, ќе биде одбележан значајниот јубилеј – 36 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Настанот ќе биде можност за заедничко оддавање почит на сите генерации кои низ изминатите триесет и шест години со својата работа, пожртвуваност, посветеност и верба придонесуваа за развојот и јакнењето на партијата.

Во духот на заедништвото и традицијата ќе биде испратена порака на единство, достоинство и верност кон идеалите врз кои е создадена ВМРО-ДПМНЕ и кои продолжуваат да бидат нејзина трајна определба.

Струмица ќе биде местото каде што ќе се потсетиме на изминатиот пат, но и ќе ја потврдиме заедничката определба за иднината и за зачувување на вредностите врз кои е изградена ВМРО-ДПМНЕ.

Најново од: На прво место

Свети великомаченик Димитриј Солунски, Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

До кога ЕУ ќе ги лаже Македонците барајки влакно во јајцето!

Крајно време е Македонија да разгледува и други сојузи и партнерства во кои ќе биде почитувана. Во најновата објава за пакетот за проширување, од 4 ноември 2026 година, Европската комисија ја вбројува Македонија меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите од Реформската агенда во рамките на Инструментот за реформи и раст. Истовремено, повторно ги истакнува уставните […]

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да реагира по член 315 од Кривичниот законик

ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на изјавите на Богданка Кузеска, ја обвинува СДС дека свесно создава хистерија со цел да предизвика страв и несигурност кај граѓаните. Од партијата го повикуваат Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, кој се однесува на делото саботажа. Во продолжение го пренесуваме соопштението: „СДС никако да престане со умисла […]

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

To top