На прво место

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември!

Македонска Нација

Македонска Нација

8-ми септември пред 35 години беше остварен вековниот сон на генерации Македонци, празник што достоинствено го слави секој Македонец, каде и да се наоѓа – во татковината или низ светот.

На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија излегоа на референдум и ја изразија својата волја за самостојна и суверена држава. Над 95 проценти од оние што гласаа позитивно одговорија на референдумското прашање:

„Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“

Тоа историско „ДА“ не беше само одговор на едно референдумско прашање. Тоа беше гласот на македонските поколенија, одек на вековната борба за слобода и потврда на непокорот на еден народ кој никогаш не се откажал од правото да биде свој на своето.

Остварување на вековниот македонски сон

На референдумот му претходеше Декларацијата за сувереност на Република Македонија, усвоена од првото повеќепартиско Собрание на 25 јануари 1991 година. Волјата изразена од граѓаните беше потврдена со Декларацијата за прифаќање на референдумските резултати, донесена во Собранието на 18 септември 1991 година.

Референдумот беше демократска потврда на вековната борба на македонскиот народ за сопствена држава – борба која во минатото се водела со пушка, крв, саможртва и непресушна вера во слободата.

Одлуката за независност претставува возвишен историски чин и непроценливо наследство за сегашните и за идните генерации. Со неа се исполни сонот на безброј Македонци кои живееле, се бореле, погинале со името Македонија во срцето.

Создавањето независна држава дополнително ги зацврсти македонската национална свест, чувството на припадност и врската со сопствените корени. Зашто, како што вели народната мудрост – дрво без корен не бидува.

Три и пол децении исполнети со предизвици

Во изминатите 35 години Македонија се соочи со бројни тешкотии, блокади и обиди за дестабилизација. На почетокот од деведесеттите години земјата се справуваше со економска неизвесност и висока инфлација, но и со последиците од распадот на југословенската федерација.

Следуваа грчките блокади, косовската бегалска криза, конфликтот во 2001 година, мигрантската криза од 2015 година, политичката нестабилност и кумановските настани. Секој од овие предизвици претставуваше сериозна закана за безбедноста, стабилноста и иднината на државата.

Но Македонија опстана. Опстана благодарение на мудроста и трпението на граѓаните, на цврстината на македонскиот народ и на неговата подготвеност да ја брани државата создадена со многу жртви.

Во изминатите децении беа направени и крупни политички грешки, од кои некои оставија трајни последици врз македонското национално достоинство.

Државното знаме беше сменето во 1995 година, во време на влада предводена од СДС. Законот за новото знаме беше изгласан на 5 октомври истата година.

Во 2017 година беше потпишан Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Наместо да ги затвори отворените прашања, по неговото потпишување следуваа нови барања, условувања и притисоци поврзани со македонската историја, јазик и идентитет.

Една година подоцна беше потпишана Преспанската спогодба, која стапи во сила на 12 февруари 2019 година и доведе до промена на уставното име на Република Македонија.

Најтешкото наследство од владеењето на СДС, според тоа, не се само незавршените градилишта, пропуштените можности и неисполнетите ветувања. Уште потешки се одлуките што длабоко го повредија македонското национално достоинство.

Поради тоа, СДС денес тешко може уверливо да се претставува како заштитник на македонските национални и економски интереси. Токму во периодите кога оваа партија ја имаше власта беа донесени некои од најтешките и најштетните одлуки во поновата македонска историја.

Македонија повторно се гради

Новата стратегија на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го менува амбиентот во државата. Македонија повторно станува градилиште, се привлекуваат инвеститори, се создаваат нови работни места и се отвораат можности за младите.

Се градат патишта и нови капацитети, се обновуваат болници и се реализираат проекти што треба да им служат и на денешните граѓани и на идните поколенија.

По долг период на застој, повторно се враќа надежта дека Македонија може да напредува, да ја развива својата економија и да создаде услови младите да останат во својата татковина.

Сепак, ниту една влада и ниту една политичка партија не може сама да ја изгради државата. За успех се потребни национално единство, одговорност и заедничка посветеност кон интересите на Македонија.

Само сплотени можеме да одиме напред

Денот на независноста – 8 Септември е празник со кој го одбележуваме раѓањето и го славиме опстојувањето на независна и суверена Република Македонија.

Тоа е ден на гордост, но и ден за сумирање на резултатите. Ден кога треба да се запрашаме што направивме за државата што ни ја оставија претходните генерации и каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци.

Изминаа 35 години во кои македонските граѓани покажаа мудрост, истрајност и сила. Македонија докажа дека е способна да се справува со проблемите и да чекори напред, дури и кога на нејзиниот пат се поставуваат политички и надворешни пречки.

Историјата нè научи дека само кога сме сплотени, како на 8 септември 1991 година, можеме да ги одбраниме националните интереси, да ги постигнеме поставените цели и да изградиме подобра иднина за сите граѓани.

Да ја чуваме Македонија, зашто таа не ни е подарена. Таа е создадена со вековна борба, платена со жртвите на најдобрите македонски синови и ќерки и оставена како свет аманет на идните поколенија.

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември!

Да живее независна, суверена и вечна Република Македонија!

Најново од: На прво место

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Јовановски: Бугарската разузнавачка служба инсталирала луѓе во врвот на македонскиот политички живот

Поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски, во гостувањето во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски, изнесе сериозни тврдења за дејствувањето на бугарските разузнавачки служби во Македонија и нивното влијание врз македонскиот општествен и политички живот. Според Јовановски, она што бугарските тајни служби го направиле во минатото во Македонија претставува пример што треба да се изучува во […]

Проширувањето на ЕУ е безбедностен императив, а не простор за билатерални условувања

Македонија е подготвена за дијалог заснован врз аргументи, европски принципи и вредности, но билатералните прашања што не произлегуваат од Копенхашките критериуми не треба да бидат пречка на патот кон Европската Унија. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по завршувањето на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, одржа заедничка прес-конференција со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц […]

Владата усвои акциски план за одземениот добиток во Крива Паланка

Владата на последната седница усвои Акциски план за организирано заловување, собирање, ветеринарно-здравствена контрола, транспорт и привремено сместување на говедата одземени со правосилни решенија на подрачјето на Општина Крива Паланка. Започна спроведувањето на планот, а првиот чекор на терен ќе биде мапирање на локациите каде што се наоѓа добитокот. На состанок во Министерството за земјоделство, шумарство […]

Власите во македонцките работи

Пишува: Панде Колемишевски Значајното одбележување на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков во Македонската академија на науките и уметностите е добра можност да се потсетиме на некои помалку познати детали од неговата книга „За Македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Мисирков пишува и за односите меѓу Македонците и другите народи поданици на […]

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

To top