На прво место

Писмо од ЦК на БРП до Тито и ЦК на КПЈ: (2 ноември 1944 година)

Со создавањето на слободната македонска држава  во нова Федеративна Југославија се прави  решителен чекор кон остварување на идеалите  на македонците  за  слободна, единствена Македонија.

“Драг другар Тито,

Ја користиме приликата преку тебе да му упатиме на Централниот комитет на братската КПЈ, на сите членови на Партијата и на херојските народи на Југославија наши срдечни поздрави по повод блескавото ослободување на југословенската претстолнина Белград…

Огромна е заслугата на Југословенската Народноослободителна армија, која Ти ја организираше и со која командуваше… Ние ви должиме вечна благодарност за поуките и за братската помош, кои нашите први партизански одреди ги добија од вас.

Сега, кога нашиот народ, благодарејќи на поддршката на непобедливата Црвена армија и вашата херојска Народноослободителна војска… Го отфрли срамното фашистичко ропство и се спрегна раме до рамо со советските, југословенските и други народи во општата борба за конечен слом на фашистичкиот север и неговото конечно истерување од Балканот – пред нашите народи и пред нашите братски партии се отвора широк пат за искрена и братска соработка и најтесен сојуз меѓу братските јужнословенски народи…

…Ние го поздравуваме од се` срце првиот значаен чекор во тој поглед, договорот за заедничка акција против германските освојувачи, кој го потпиша Ти, другар Тито, и нашиот другар Терпешев.

Нашиот народ е свесен за големата вина која тој ја има спрема југословенските, а особено кон српскиот и македонскиот народ, што им дозволи на своите фашистички управувачи Бугарија да ја претворат во плацдарм на германските хорди, бугарската војска во хитлеровски жандарм на Балканот за извршувањето на цела низа насилства и злосторства над населението кое се бори за својата слобода.

Нашиот народ… Е подготвен да даде се од себе, не жалејќи ја ни крвта на своите синови во заедничката борба против хитлеризмот, за да ја збрише, доколку се може, што побрзо и попотполно, срамниот спомен на блиското минато и да го расчисти патот кон важното и нераскинливо пријателство, цврстиот братски сојуз меѓу сите јужнословенски народи.

…Специјално во врска со создавањето на македонската слободна држава во рамките на нова, федеративна Југославија, со што се прави првиот решителен чекор кон остварувањето на идеалите на Македонците за слободна, единствена Македонија, ние ви ставаме на знаење, дека нашата Партија и нашиот народ најтопло ја поздравуваат новата македонска држава.

Ние ќе работиме на нејзиното популаризирање како меѓу целиот бугарски народ, така и особено меѓу населението на бугарскиот дел на Македонија, ќе помагаме во делото на будењето на македонската национална свест кај тоа население, користејќи  го херојското минато и сегашност на македонскиот народ во неговата борба за ослободување, именувајќи ги училиштата, организациите и друго, со имињата на македонските борци, издавајќи македонски весник и др.

За таа цел ние ја преименуваме нашата Горноџумајска партиска организација во македонска со правата на Обкомот, под раководство на ЦК на нашата партија, ставајќи и` во задача да ја спроведува комунистичка по содржина, национална (македонска) по форма работа.

Целата таа наша дејност ние ќе ја развиваме под знакот на широка агитација за создавање најтесен сојуз помеѓу нова федеративна Југославија и нова отечественофронтовска Бугарија, што, меѓу другото, ќе го расчистат патот за најбезболното остварување на македонскиот идеал за слобода, единствена Македонија во рамките на нова Југославија…” 

ИА на КПЈ VII,док. бр.131, стр. 367-368;  Ј. Б. Тито Сабрана дјела, 24, стр. 244-246;

Најново од: На прво место

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

To top