На прво место

Македонците се многу среќен народ, тие ја имаат Големата Мајка

golemata-majka

БЕШЕ СИ БИЛА… ПРИКАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА МАЈКА

golemata-majkaТајната на создавањето на човекот трае. Се вели дека се родил. Го родила мајка. Врвот на совршенството, човечкото суштество, раководено од природен инстинкт да знае да дише и да цица. Сè друго се стекнува, се учи, се усовршува. Мајката го пренесува искуството  на потомството. Мајката Божица, прамајка, природата, Ева од рајот и секоја мајка ја носи тајната на животот.

Не можеме да кажеме точно кога започнал животот на човекот.

Разни митолошки и ритуални докази ја зголемуваат хипотетичноста. Со една биолошка нога стои во животинското царство, а со другата чекори во свесната зона на уметничко и научно творештво. Се покорува на законите на природата и свесно интервенира создавајќи нови сфаќања за себе и светот од земјата до космосот. Некои појави милион години не се променуваат, на пример раѓањето и улогата на мајката.

На тлото на Македонија под земја останеле разни докази за животот на луѓето со кои се побива претпоставката за дивите луѓе што скитале наметнати со кожи, со долги коси и стапови во раце. Неолитските ископини на куќи, огништата, орудија и стотици глинени статуи на жени ни раскажуваат поубава приказна за култ кон Мајката што раѓа.

Тоа се неолитски дами на Големата Мајка од Македонија, Божица на домот и родот и господар на животот. Жена извајана од глина седната на покрив со нацртано сонце, накитена со бисери, белегзии, прстени, плетенки и патец над челото како израз на симетрија и рамнотежа на материјалното и духовното од основа го менува сфаќањето на жената како диво животно.

Во Музејот на Македонија има постојана изложба на галерија на тие женски ликови наоружани со убавина, моќни владетели на домот, на фамилијата и продолжувањето на животот со раѓање. Тоа се истите жени во мермерни статуи на Музите, Божиците, Артемида, Тиха, Афродита, Хера… коишто чувале вечна стража со убавина на Големата Мајка пред храмовите, палатите и театрите низ Македонија, во сите царски градови. Така ги ископуваме наредени во колони и ги споредуваме со сегашните живи мајки и некогашни славни лица на жени од Македонија. Тоа се Царици и Богородици што раѓале Божествени Македонци.

Евридика го родила Филип II, Олимпија-Александар, Лета-Аполон, Тетида-Ахил, Роксана-Тесалоника, Клеопатра родила пет деца, Мајката Божја-Марија, Царицата- Елена, Теодора-Ана, Комнен, Евросима. Султана мајката на Гоце Делчев, Мајките на Комитите, Преродбениците, Партизаните, Бранителите… се мајки на Македонци што ја создале историјата и славата на Македонија, на народ што го одржува култот на Големата Мајка како култ на раѓање за долгиот опстанок на човекот и човештвото.

Мајката раѓа и затоа толку се почитува во Македонија, во безброј светилишта, од почетокот на светот до денеска.

Ангелина Маркус

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top