На прво место

Вознесение Христово (Спасовден)

spasovden

spasovden

Вознесение Господово се празнува четириесет денови после Велигден, поточно во четвртокот на шестата недела после празникот наВоскресението Христово.

Значење

Откако по Неговото воскресение светите апостоли и жените мироносици Го видоа, Христос го изврши сето она што беше потребно за спасение на човечкиот род, и дошло времето да Се врати кај Отецот: на земјата ја покажа љубовта Божја, со страданијата и жртвата го искупи човекот, а со воскресението покажа дека и смртта е победена, давајќи му ветување за вечен живот на човекот. На тој начин се открива Христовата икономија за човекот: Вознесувањето е исполнување на Воскресението Христово, а со тоа – и човековото воскресение и вознесение.

Празнување

Четириесетиот ден после Христовото воскресение, Христос им се јави на Неговите ученици, и им заповеда да одат по целиот свет, проповедајќи го Светото Евангелие на сите луѓе, велејќи им дека кој ќе поверува, и се крсти, ќе биде спасен, а кој не поверува, ќе биде осуден. За да успеат во таа мисија, Христос им Го ветил Светиот Дух Утешител, оти без Неговата благодат не би биле спремни да ја извршат доверената мисија. Откако им ја даде таа заповед, ги поведе своите апостоли и Пресвета Богородица на Маслиновата гора, близу Ерусалим, каде ги подигна рацете и ги благослови, и потоа на очиглед на сите присутени, Се вознесе на небото. Учениците се радувале на она што го гледале нивните очи. И додека тие со погледот Го барале Вознесениот Господ, им се јавиле два ангела, велејќи им: „Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде така како што Го видовте да оди на небото.“

На вечерната богослужба која се служи во средата пред Вознесение, во склад со црковниот типик се врши Оддание на Пасха, еден вид затворање на циклусот на празнување велигденското празнување. Почетокот и крајот на службата во овој ден се врши исто како и на самиот ден Велигден. Повторно се пеат радосни стихови: “Нека воскресне Бог и нека се разбегаат непријателите Негови…“ и “Овој ден го создаде Господ, да се возрадуваме и возвеселиме во него…“. Се простуваме и се “разделуваме“ од Велигден, до идната година.

Установувањето на празникот Вознесение Господово е во длабоката древност. За тоа ни говорaт сведоштвата на писмените споменици. Така, уште „Апостолски установи” пропишуваат празникот да се празнува во 40-иот ден по Пасха (кн. V гл. 18). Особено важни се сведоштвата од свети Јован Златоуст и блажени Августин. Свети Јован Златоуст овој празник го нарекува „најважен и голем” и го вбројува меѓу празниците кои, како Пасха и Педесетница, се установени од апостолите. Блажени Августин, споменувајќи за општото чествување на празникот, според Преданието, исто така, смета дека е установен од апостолите. Каноните на Вознесение Господово ги напишал свети Јован Дамаскин и преподобен Јосиф Песнописец. Кондакот и икосот се од свети Роман Слаткопеец.

Празникот Вознесение спаѓа во подвижните Господови празници и трае десет денови: еден ден предпразништво, кој се совпаѓа со оддавањето на Пасха, и осум денови попразништво. Оддавањето на празникот е во петокот на седмата седмица по Пасха.

Најново од: На прво место

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Филипче слави туѓи победи, а ги премолчува поразите на СДС

Филипче порача: „Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, алудирајќи на Мицкоски. Самоуверена најава, како победата веќе да му е запишана, а останува само граѓаните да бидат известени. Само што во неговиот список недостига почетокот — оној што на Филипче и на СДС најмалку им одговара. Пред да брои паднати власти во туѓи […]

To top