На прво место

Десетици илјади граѓани во Струмица испратија порака на единство, доверба и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Драган Ковачки, на денешната прес-конференција се заблагодари на десетиците илјади граѓани кои вчера присуствуваа на одбележувањето на 36-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, оценувајќи дека бил испратен силен сигнал за единство, заедништво и поддршка за политиките на партијата.

Ковачки истакна дека присуството на голем број граѓани на стадионот „Благој Истатов“ претставува потврда за довербата што ВМРО-ДПМНЕ ја ужива меѓу народот и мотив повеќе за продолжување на работата во интерес на државата и граѓаните.

„Во изминативе 36 години се соочивме со бројни предизвици, тешки моменти, неправди и разочарувања. Но секогаш кога некој мислеше дека сме ослабени, ние станувавме уште посилни. Токму народот и граѓаните беа и остануваат нашата најголема поддршка и двигател на нашата истрајност“, порача Ковачки.

Тој нагласи дека идејата на ВМРО, поставена пред 133 години, продолжува да живее преку ВМРО-ДПМНЕ како организација создадена од народот и за народот, додавајќи дека вредностите на ВМРО остануваат автентични, македонски и цврсто втемелени во стремежот за развој и просперитет на Македонија.

Осврнувајќи се на работата на Владата во изминатите две години, Ковачки посочи дека се реализирани бројни проекти и мерки кои, според него, придонесуваат за економски раст и подобрување на животниот стандард.

Тој потенцираше дека во државата се реализираат рекордни инвестиции од 1,255 милијарди евра, како и силен инфраструктурен циклус кој опфаќа изградба на нови автопати, експресни патишта и железничка инфраструктура. Дополнително, нагласи дека во наредната деценија се предвидени капитални инвестиции во вредност од 10 милијарди евра.

Ковачки посочи дека Владата инвестира и во младите преку реконструкција на студентски домови, доделување ваучери за електронски уреди и поддршка за започнување сопствен бизнис, како и преку мерки за зголемување на платите и пензиите.

„Градиме нови градинки, училишта, патишта, здравствени установи и спортски сали, а истовремено ги враќаме старите долгови наследени од минатото. Македонија денес има развој, проекти, надеж и јасна визија за иднината“, истакна Ковачки.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да води политика на попустливост кога станува збор за националните интереси и дека останува цврсто посветена на заштитата на државните позиции.

На крајот од прес-конференцијата, Ковачки порача дека со мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на создавање посилна економија, повисок животен стандард, нови можности за младите и модерна Македонија која сигурно чекори кон својата европска иднина.

„Македонија се исправува чекор по чекор. Сега е време да забрза. Тоа е нашата обврска“, порача Ковачки.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top