На прво место

Филипче царот ослободител?

Филипче денес зборува за „ослободување“ за „црна гебелсова пропаганда“, а јавноста памети како изгледаше системот кога СДС беше на власт, памети за милионски местени тендери, институции ставени под партиска команда, скандали што секојдневно ја тресеа државата и чувство дека правдата не важи еднакво за сите.

Памети и како СЈО, кое требаше да биде симбол на правда и правна држава, заврши како еден од најголемите скандали во македонската политичка историја. Наместо правда, граѓаните видоа рекет, политички пазари и сериозни сомнежи дека обвинителството и судството се користат како алатка за пресметка со политички неистомисленици.

И токму затоа денес звучат навредливо неговите изјави за „црна пропаганда“. Затоа што најцрните политички кампањи, најжестоките дискредитации и најдлабоките поделби Македонија ги гледаше токму во времето на СДС. Поделби на „наши“ и „ваши“, јавни линчувања, медиумски пресметки и обиди за замолчување на секој критички глас.

Најголемиот проблем е што Филипче денес се однесува како ништо од тоа да не постоело. Како граѓаните да заборавиле што гледаа и слушаа цели седум години.

Како да не паметат колку пати им беше ветуван „живот“, а добија разочарувања, економска стагнација, политички скандали и чувство дека државата ја водат луѓе на кои партијата им е поважна од државата.

Кога некој денес зборува дека ќе ги „ослободува“ медиумите, прво треба да покаже политичка и морална доследност.

Не може тие што со години создаваа атмосфера на страв, поделби и пресметки денес да се претставуваат како спасители на демократијата. Не може тие што водеа црни кампањи денес да глумат жртви на црни кампањи.

Или можеби зад сето ова стои нешто друго?, можеби станува збор за добро познатата тактика, сто пати повторена лага да се претвори во „вистина“. Или можеби стравот од отворањето на криминалите и коруптивните шеми во кои беа вмешани високи функционери на СДС веќе почнува да излегува на површина?

Или се спремаат за реакција ако почнат да излегуваат во јавноста сомнежи за перење пари преку банки во соседните држави, па токму затоа денес толку ревносно се бранат туѓи интереси наместо македонските?

Можеби уште сега однапред се создава алиби дека медиумите биле „купени“, институциите „контролирани“, а секоја идна истрага да се прогласи за „политички прогон“.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top