На прво место

Филипче ја обвинува Владата за проблемот што СДС сам го создаде

Македонска Нација

Македонска Нација

СДС прифати асиметрична рамка без гаранции, а сега бара Македонија да ја плати цената со нови отстапки

Политички е неодговорно Венко Филипче денес да ја обвинува Владата на Христијан Мицкоски дека Македонија не напредува кон Европската Унија, кога токму СДС ја доведе државата во сегашната положба.

СДС го прифати таканаречениот француски предлог без цврсти гаранции за македонскиот идентитет, јазик и историја. Прифати асиметрична рамка и презеде обврски што самата партија не успеа да ги исполни.

Сега Филипче зборува за „супер вторник“ на 14 јули и тврди дека Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија одат напред, а Македонија останува надвор од европската агенда. Но, премолчува дека токму СДС дозволи билатерални историски и идентитетски прашања да станат дел од пристапниот процес.

Македонија не е блокирана поради недостиг од реформи, туку поради политички услови што навлегуваат во националниот идентитет и уставното уредување.

Премиерот Христијан Мицкоски со право порача дека промената на Уставот не е реформа. Реформи се борбата против корупцијата, функционалното судство, подобрата администрација, посилната економија и поквалитетниот живот.

Уставни измени под притисок, без гаранции дека со нив ќе завршат блокадите и барањата од Софија, не се европска реформа, туку политички услов.

Оваа Влада има принципиелен став. Ќе продолжи со реформите и ќе настојува Македонија да биде меѓу најуспешните во нивната реализација, но нема да прифаќа политички диктати претставени како европски критериуми.

„Подготвени сме да направиме сè што е конструктивно, но не и деструктивно“, порача Мицкоски за време на посетата на Охрид.

Тоа е суштинската разлика: реформи и европски стандарди – да, национално самоодрекување и безусловни отстапки – не.

СДС прифати рамка без гаранции, ветуваше дека европскиот пат е обезбеден и тврдеше дека нема да има нови услови. Денес се гледа дека ниту патот бил обезбеден, ниту условувањата завршиле.

Затоа Филипче нема политичко право да ја обвинува Владата што одбива да ја продолжи политиката на еднострани отстапки.

Македонија сака членство во Европската Унија, но како рамноправна држава, со заштитен македонски идентитет, јазик и достоинство.

Владата на Христијан Мицкоски не ја тргна Македонија од европскиот пат. Таа само одбива тој пат да биде пат на понижувања.

Македонија нема да се откаже од Европа, но нема да се откаже ниту од самата себе.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top