На прво место

Филипче ја продолжува политиката на национални отстапки, нема да има уставни измени без гаранции

Венко Филипче, исто како и поранешниот премиер Зоран Заев во своето време, се обидува да ги убеди граѓаните дека уставните измени без јасни гаранции се прифатливи и дека нема простор за загриженост во однос на иднината на државата и нејзиниот европски пат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потсетуваат дека Заев користеше слична реторика кога ги промовираше измените поврзани со името на државата, уверувајќи ја јавноста дека тоа е последниот чекор кон членството во Европската Унија.

„Наместо ветениот напредок, Македонија се соочи со нови блокади, нови вета и дополнителни условувања од Франција и Бугарија. Денес Филипче ги повторува истите аргументи и ја застапува истата политика на СДС – политика на отстапки без гаранции“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Филипче не нуди конкретен одговор на прашањето како би се спречиле идни блокади и вета, ниту како би се обезбедила сигурност дека државата повторно нема да биде соочена со нови условувања во евроинтегративниот процес.

„Уставните измени поврзани со промената на името беа спроведени од СДС и ДУИ со ветување дека тоа ќе го отвори патот кон ЕУ. Денес, наместо напредок, Македонија се наоѓа во позиција на блокирана преговарачка рамка и постојани билатерални спорови“, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на државата, но додаваат дека тоа не смее да биде оправдување за нови отстапки без јасен исход и без заштита на националните интереси.

„Нема да дозволиме повторно СДС и Венко Филипче да ја газат волјата на граѓаните. Националните интереси мора да бидат заштитени, а секој следен чекор на евроинтегративниот пат треба да биде заснован на јасни гаранции и предвидлив процес“, велат од партијата.

Во реакцијата се додава дека Филипче работи на исполнување на туѓи агенди и се обидува преку прифаќање на барањата на Бугарија да дојде до власт, посочувајќи дека јавно најавува подготвеност веднаш да ги спроведе уставните измени.

„Македонија заслужува достоинствен европски пат, без нови условувања и без нови отстапки. Граѓаните заслужуваат одговорна политика која ќе ги брани државните позиции и ќе обезбеди сигурна и предвидлива иднина“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top