На прво место

Филипче од јахтата на Заев му нарачува на СДС да создава хистерија за водата во Скопје

Венко Филипче седми ден престојува на јахтата на поранешниот премиер Зоран Заев, од каде што на СДС му дава насоки да шири хистерија и лажни вести за водата во Скопје, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Каде е Венко Филипче? Тој седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, а на 6 август со својот мотор ја напуштил Македонија преку граничниот премин Богородица. СДС го крие тоа од јавноста. Зошто се срамат да кажат дека нивните двајца лидери се на заеднички одмор?“, прашуваат од партијата.

„Претходно водеа лажна кампања и беа против прославата на независноста на Македонија“, се наведува во соопштението.

Партијата изнесува обвинувања и во врска со протестите на струмичките производители на пиперки. Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче и Заев од јахтата на Егејското Море го нарачувале штрајкот, манипулирајќи со незадоволството поради ниските откупни цени и со фирмата за производство на ајвар „Мамас“.

„Сè на сè, плоден одмор: шират лаги за водата, се против независноста и ги уценуваат земјоделците“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најново од: На прво место

Мицкоски за посетата на САД: Планирани средби на ултра високо ниво со државници и финансиски институции

Премиерот Христијан Мицкоски најави средби на ултра високо ниво во американскиот Сенат, Конгресот и Стејт департментот, како и разговори со претставници на финансиската институција DFC, државници и влијателни тинк-тенк организации, во рамките на претстојната посета на Соединетите Американски Држави. Мицкоски утре со владина делегација заминува за САД, каде најпрво ќе престојува во Вашингтон, а потоа […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија се сопатници низ времето

ВМРО-ДПМНЕ уште во периодот кога Македонија беше дел од југословенската федерација беше единствената политичка партија која отворено зборуваше за независна, демократска и суверена македонска држава, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски. На денешната панел-дискусија „Повеќе учество – повеќе демократија“, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати претседателот на партијата и […]

Кој ќе одговара за 14-те жртви во Тетово – СДС да престане со двојните стандарди за Кочани

СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани – кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница? СДС треба да престане да ја злоупотребува трагедијата во Кочани за дневнополитички пресметки и собирање политички поени. Кога се зборува за човечки животи, мора да важат исти аршини за сите, а јавноста има право да праша: […]

Осум дена притвор за 39-годишник од Черкези поради закани кон премиерот Мицкоски

Осум дена притвор му е определен на 39-годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени преку социјалните мрежи кон премиерот Христијан Мицкоски. Според изјавата на премиерот, во објавените пораки имало тешки навреди, пцовки кон него и неговото семејство, како и закана дека ќе биде „колен на плоштад“. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за заканите […]

Правдата не смее да има партиска адреса – Македонија мора да ја врати довербата во судството

Шеснаесет загинати кај Ласкарци. Четиринаесет изгубени животи во пожарот во модуларната болница во Тетово. Зад овие бројки стојат човечки судбини, семејства и прашањето кое со години ја прогонува македонската јавност: ќе има ли конечно правда и одговорност? Македонското правосудство со години се соочува со сериозна криза на доверба. Во јавноста постојано се поставува прашањето дали […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

14 септември – почеток на црковната Нова година и Начало на Индиктот

На 14 септември според граѓанскиот календар, односно на 1 септември според стариот црковен календар, Православната црква го одбележува почетокот на црковната Нова година – Начало на Индиктот. Со овој ден започнува новиот годишен богослужбен круг и новото патување на верниците низ празниците и настаните од Христовиот живот и историјата на Црквата. За разлика од граѓанската […]

Македонски историски календар: 14 септември

14 септември 1924 – Убиен е Арсениј Јовков Во Горна Џумаја, Пиринска Македонија, е убиен Арсениј Јовков, македонски револуционер, поет, публицист, новинар и филмски сценарист. Јовков е роден на 25 март 1884 година во селото Селци, Струшко. Уште како млад се вклучил во македонското револуционерно движење, а во 1903 година учествувал во Илинденското востание. Значајно […]

Најнови вести

To top