На прво место

Манасиевски: На СДС им пречи секој дипломатски успех на Македонија, за нив единствен успех се уставните измени

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигнува конкретни резултати на меѓународен план, додека СДС останува заробен во политиките на отстапки и редефинирање на македонските национални позиции, истакна Валентин Манасиевски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, оцени дека серијата дипломатски успеси што ги постигнува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ претставуваат доказ за активна и успешна надворешна политика, но воедно и причина за нервоза кај СДС.

Тој посочи дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за време на посетата на Македонија испратил јасна порака за напредокот на државата во исполнувањето на Реформската агенда. Како потврда за тоа, Македонија доби 65,7 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија, што, според Манасиевски, е за околу 50 проценти повеќе во споредба со средствата што ги добиле Црна Гора и Албанија.

Манасиевски потсети и на изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за периодот 2027–2029 година, оценувајќи го како историски успех на македонската дипломатија и прв таков успех од независноста на државата.

Тој истакна дека позитивни пораки за Македонија содржи и Нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, во кој државата е препознаена како европски партнер посветен на реформите, регионалната стабилност и стратешкото партнерство со Европската Унија и НАТО.

„Имаме заедничка изјава со Европската Унија во делот на одбраната и безбедносната политика, успешно е завршен постмониторингот со Советот на Европа, а Македонија склучи стратешки договори со Унгарија, Хрватска, Обединетото Кралство и САД“, нагласи Манасиевски.

Осврнувајќи се на односите со Бугарија, тој посочи дека по долг период на, како што рече, потчинување и пасивност на претходната влада предводена од СДС, актуелната Влада го ратификувала договорот за реализација на Коридорот 8, проект кој има значење за регионот и за Европа.

„Додека едните се сликаа по автопатите и склучуваа штетни договори, ВМРО-ДПМНЕ работи на евроинтеграциите преку конкретни резултати и државнички пристап кој денес е препознаен и поздравен од бројни европски функционери“, истакна Манасиевски.

Според него, токму затоа СДС не ги признава овие успеси и настојува да ги минимизира.

„На СДС им пречи секој дипломатски успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За нив единствен успех би бил отворањето на прашањето за уставни измени и прифаќањето на услови кои, според нивните политички ставови, водат кон редефинирање на македонската историја и национален идентитет“, порача Манасиевски.

Најново од: На прво место

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top