На прво место

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни

Македонска Нација

Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт, за него националното понижување е успех

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт.

Додека бугарските власти не нарекуваат „северномакедонци”, Филипче вели дека Бугарија не го негира нашиот идентитет.

Филипче не гледа проблем во тоа да не нарекуваат „северномакедонци” затоа и гласаше за промена на името.

Филипче не гледа проблем во тоа да сме држава од 1945 година па наваму, затоа и ги бришеше одлуките на АСНОМ во уставот со Зоран Заев.

Филипче не гледа проблем во тоа великанот Гоце Делчев да е Бугарин, исто како што немаа проблем со тоа и Стево Пендаровски, Рубин Земон и луѓето во околината на Филипче.

Пиунот на Румен Радев, Венко Филипче е спремен утре да ги продаде историјата, јазикот, културата и идентитетот за да и се додвори на Бугарија и да дојде на власт.

Погубната политика која ја води уценетиот Филипче, го доведе да има рејтинг од 3%, односно помал за 1% од оној на партијата СДС.

Филипче ја зацементира СДС да биде четврта партија во Македонија, а на следните избори може да бидат и со едноцифрен број на пратеници во Собранието.

Најново од: На прво место

Македонија не застанува, Македонија забрзува!

На одбележувањето на 36 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, од Струмица беше испратена силна патриотска, државничка и обединувачка порака: Македонија повторно има надеж, повторно има сила и повторно има народ кој верува во себе. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, во својот говор порача дека овој јубилеј не е само прослава на една политичка […]

Мора да се брани македонската вистина, не сме дрво без корен

По повод 36-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, која денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, генералниот секретар на партијата Драган Ковачки порача дека ВМРО-ДПМНЕ претставува мост меѓу историското ВМРО и современата македонска држава. Во изјава за Сител телевизија, Ковачки истакна дека евроинтеграциите остануваат стратешка цел на Македонија, но притоа мора да […]

Димитриеска Кочоска: Ветераните ја вградија својата визија, храброст и пожртвуваност во ВМРО-ДПМНЕ

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, на одбележувањето на 36-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица упати честитки до членството, симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакнувајќи дека ветераните се меѓу најзаслужните за создавањето и опстојувањето на партијата низ годините. Во изјава за Телма телевизија, таа упати посебна благодарност […]

ВМРО-ДПМНЕ има непроменет став за европскиот пат на Македонија, уставните измени мора да бидат последно барање за членство во ЕУ

На одбележувањето на 36-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, што вечерва се одржува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, порача дека партијата останува доследна на идеалите со кои е формирана пред повеќе од три децении и продолжува да се залага за развој на демократските вредности во […]

Домот, семејството и децата во фокусот на „Вистинска парада на гордоста“ во Битола

На 20 јуни 2026 година (сабота), со почеток во 20:00 часот, на плоштадот Магнолија во Битола ќе се одржи „Вистинска парада на гордоста“, настан што оваа година се организира по петти пат. Настанот се темели на вредностите што ги сметаат за основа на општеството: домот, семејството, родителите – мајка и татко, како и децата. Овие […]

Унијата на ветерани: Честит 36-ти роденден ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани членови, симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, На денешен ден, 17 јуни, со длабока почит и голема гордост се потсетуваме на еден од најзначајните датуми во современата македонска историја – денот кога беше формирана ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не беше само создавање на политичка партија. Тоа беше будење на надежта. Тоа беше враќање на достоинството. Тоа беше […]

36 години ВМРО-ДПМНЕ-аманетот продолжува, Македонија вечна!

Од историскиот 17 јуни 1990 година до денес, ВМРО-ДПМНЕ останува симбол на надежта, државноста и борбата за Македонија. Постојат денови што не припаѓаат само на календарот. Денови што стануваат дел од судбината на еден народ. Денови што остануваат запишани во колективната меморија како пресвртници меѓу минатото и иднината. За многу Македонци, 17 јуни 1990 година […]

Софија и СДС во паника: Зошто толку страв од бришењето на Вториот протокол?

Мобилизацијата на бугарските европратеници околу Вториот протокол покажува дека спорот одамна не е за историјата, туку за зачувување на механизмот со кој Софија го условува македонскиот европски пат. Вознемиреноста не е присутна само во Софија, туку и во редовите на СДС и Венко Филипче, бидејќи евентуалното исфрлање на Вториот протокол од извештајот би претставувало тежок […]

To top