На прво место

Манасиевски: Сè што говори талогот од СДС е спротивно на вистината

Талогот од СДС со ниту еден пакет вода не им помогна на гостиварчани, а сега безобразно лаже додека Владата обезбедува бесплатна вода за жителите на Гостивар, изјави Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Колку злоба и неискреност има во СДС, кога дрско се обидува да прикаже дека постојат некакви бизнис-интереси со водата што Владата бесплатно им ја дели на гостиварчани.

Талогот во СДС размислувал каква лага да искреира и да пласира, па измислил дека Владата прави бизнис со компанијата ‘Кожувчанка’. Вистината е дека Владата преку тендер ја избира компанијата која водата ѝ ја продава по двојно пониска цена од пазарната – само 12,5 денари за шише од литар и половина. Тоа е одлука на компанијата да биде општествено одговорна и да не заработува од кризата во Гостивар.

Очигледно е дека талогот од СДС мисли единствено на валкан профит и се обидува да создаде скандал таму каде што сè е чисто како солза.

Тоа е мочуриштето од кое произлезе предавничкиот талог од СДС и токму затоа ја нема довербата од граѓаните“, рече Манасиевски.

Одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на СДС дека наводно се создава терен за прифаќање на францускиот предлог, Манасиевски оцени дека „хистеријата во СДС е на завидно ниво“.

„Талогот од СДС веќе не знае што повеќе да излаже. Со години лажеа дека државата ќе банкротира во 2024, а потоа и во 2025 година. Сега сме во 2026 година, не банкротиравме, а тие повторно лажат дека ќе банкротираме и годинава.

Лажеа и за програмата ИПАРД – дека ќе биде блокирана и дека парите нема да бидат наменети за земјоделците, но и таа лага се распрсна како меур од сапуница.

Лажеа и за мигрантите. Велеа дека ќе пристигнат во март, април, мај или јуни. Сега сме во август, а нема ни трага ни глас од какви било мигранти врз основа на договорот со Обединетото Кралство.

Лажеа и за извештајот на европратеникот Томас Вајц, а денес слушаме дека ние, наводно, ќе го прифатиме францускиот предлог. Во Собранието имаме двотретинско мнозинство. Доколку сакавме да го направиме тоа, веќе ќе го направевме и немаше да чекаме толку долго.

Да резимирам – сè што говори талогот од СДС е сосема спротивно на вистината“, изјави Манасиевски.

Најново од: На прво место

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top