На прво место

Мицкоски од Мала Преспа: Да се обединиме околу Македонија, матицата нема да ги заборави Македонците во Албанија

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, оствари средба со Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа, испраќајќи силни пораки за национално единство, зачувување на македонскиот идентитет и поддршка за македонскиот народ надвор од татковината.

Посетата на премиерот Мицкоски беше по повод отворањето на споменикот посветен на хероите од село Туминец, загинати во Втората светска војна, како и во чест на Македонец осуден на 101 година затвор за време на османлиското владеење во Македонија.

Во своето обраќање пред Македонците во Мала Преспа, премиерот истакна дека на Македонија денес повеќе од кога било ѝ е потребно обединување околу националните интереси, иднината на младите генерации и почитта кон сопствената историја и достоинството на народот.

„Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека Македонците во Албанија се нераскинлив дел од македонското национално ткиво и дека нивната истрајност низ децении претставува подвиг достоен за почит.

„Вашата истрајност низ децениите е подвиг достоен за почит. Вие го сочувавте македонското име, јазикот, традицијата и духот и тогаш кога било најтешко. И затоа денес сакам јасно да порачам: Матицата нема да ве заборави. Македонија стои со својот народ каде и да е, со почит, со грижа и со искрена поддршка“, истакна премиерот на средбата со Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа.

Средбата помина во духот на заедништво, национално достоинство и пораки за зачувување на македонскиот јазик, традиција и културно наследство меѓу Македонците кои живеат надвор од границите на Македонија.

Селото Туминец се наоѓа на падините на Пречна Планина, на брегот на Преспанско Езеро, на северниот брег на заливот Залив Завир.

Најново од: На прво место

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Сотирис Минас – Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Понекогаш силното сведоштво за еден народ доаѓа и од човек кој не му припаѓа по раѓање, но решил да го запознае, да го научи неговиот јазик и без предрасуди да ја побара вистината. Таков е грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – човек кој самиот го научил македонскиот јазик и преку поезијата гради мост меѓу […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

Антимакедонски хушкачи

Главна слика е по избор на мн.мк Симптоматично, ама истава оваа екипа во пауза oд лаење по прославата на независноста ќе ја видите како ги оправдува небулозните и садистички решенија за прекин на мега-аферите Мазут и Модуларната болница, та ќе ги чуете како оваа Власт била антиевропска и изолирана, па нема-нема ќе дадат некој инфантилен […]

ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, МОЈАТА ЗЕМЈА СЕ ВИКА МАКЕДОНИЈА,… СИЛНА ПОРАКА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР

Јас сум Македонец. Мојата земја се вика Македонија. Мојата Црква се вика Македонска православна црква. Мојата нација е македонска нација. Овие силни зборови, изговорени од Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар на Алфа телевизија, нека одекнат во секој македонски дом – во Република Македонија, Пиринска и Егејска Македонија, во Мала Преспа и Гора, но и далеку од […]

Најнови вести

To top