На прво место

Мицкоски за посетата на САД: Планирани средби на ултра високо ниво со државници и финансиски институции

Премиерот Христијан Мицкоски најави средби на ултра високо ниво во американскиот Сенат, Конгресот и Стејт департментот, како и разговори со претставници на финансиската институција DFC, државници и влијателни тинк-тенк организации, во рамките на претстојната посета на Соединетите Американски Држави.

Мицкоски утре со владина делегација заминува за САД, каде најпрво ќе престојува во Вашингтон, а потоа во Њујорк ќе учествува на годинашното Генерално собрание на Обединетите нации.

Според премиерот, посетата на Вашингтон ќе биде насочена кон зајакнување на политичката и економската соработка, привлекување инвестиции и претставување на македонските потенцијали во енергетиката, напредните технологии и одбранбената индустрија.

– Што се однесува до мојата посета најпрво во Вашингтон, планирани се средби на ултра високо ниво во рамките на Сенатот, Конгресот и Стејт департментот и средби на ултра високо ниво со претставници на DFC. Тоа е финансиска институција која финансира проекти ширум светот, што се најчесто високотехнолошки развиени – изјави Мицкоски во гостувањето во дневникот на МТВ.

Тој посочи дека DFC веќе е присутна преку инвестицијата во проектот „Крстодол“, односно „Антимон“, а постои интерес и за други проекти.

– Има од нивна страна пројавено интерес и за други проекти во делот на енергетиката и напредната технологија, така што сакам подлабоко да ги понудиме нашите капацитети – рече премиерот.

Мицкоски најави и разговори со компании од воената индустрија кои Владата сака да ги привлече да инвестираат во Македонија. Во тој контекст го спомена и армискиот полигон „Криволак“.

– Во фаза сме на изработка на нов закон со Министерството за одбрана, да го понудиме нашиот тренинг-полигон „Криволак“, зашто чувствуваме дека на тој начин можеме да имаме уште побрз и подинамичен раст на економијата – истакна Мицкоски.

Во Вашингтон се планирани и средби со влијателни тинк-тенк организации, по што владината делегација ќе отпатува во Њујорк.

На маргините на Генералното собрание на ОН, Мицкоски најави средби со повеќе државници, при што дел од нив веќе се потврдени.

– Во принцип, се ориентиравме на соседството. Се разбира, тука е и приемот од страна на претседателот на Соединетите Американски Држави. Ќе се обидеме да имаме билатерални средби и со земји од Заливот, каде што цениме дека треба да градиме добри и солидни партнерски врски – рече Мицкоски.

Во однос на евентуална средба со бугарската делегација, премиерот нагласи дека во овој момент таква средба не е планирана.

Мицкоски се осврна и на ставовите на Владата во однос на евроинтегративниот процес и барањата поврзани со промена на Уставот, нагласувајќи дека владината политика не се менува преку ноќ.

– Ние ставовите не ги менуваме инстант или преку ноќ, зашто кога градиме став, тоа е процес што долго трае. Нашите ставови се повеќеслојни, не се ставови што ад хок ги градиме, па по потреба ги менуваме. Не правиме такви естрадни потези, водиме јасна политика која нуди гаранции на подолг рок. Тоа е стратегијата што ја има оваа Влада – порача Мицкоски.

Потврдена е и средбата на лидерите од Западен Балкан, која традиционално се одржува за време на Генералното собрание на ОН. Во зависност од нивото на состанокот, Македонија ќе биде претставувана од премиерот Мицкоски или од министерот за надворешни работи.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top