На прво место

Пренџов: СДС се повикува на ЕУ, а бега од реформи и од работната група за Изборниот законик

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, каде што говореше за Изборниот законик и работната група која функционира во рамки на Министерството за правда под покровителство на министерот.

Пренџов истакна дека СДСМ е единствената политичка партија што ги напуштила преговорите, оценувајќи дека тоа претставува недржавотворен потег на штета на граѓаните и угледот на државата.

„Она што не можам да се изначудам е дека де јуре сте полни со Европа и европски вредности, а ништо немате направено за да нè доближите до Европа. Во процесот за Планот за раст, каде како опозиција сте вклучени преку Изборниот законик, вие сте единствената политичка партија што ги напушта преговорите“, рече Пренџов.

Тој посочи дека во работната група учествуваат и партии кои, како што рече, немаат толкава ориентација кон ЕУ и Брисел како СДСМ, додавајќи дека опозициската партија бара алиби преку прашањето за техничката влада.

„Тоа е една од недржавотворните одлуки што моментално ги носите на сметка на граѓаните и угледот на Република Македонија. На Венко Филипче каприцот нема да му биде исполнет со техничката влада и сите реформи ќе ги завршиме навреме“, истакна Пренџов.

Тој додаде дека минатата година Република Македонија била првата држава од Западен Балкан што ги завршила реформите поврзани со Брисел и Планот за раст.

„Први ги добивме средствата, од кои две третини се нискокаматни кредити, а една третина грантови од Европската Унија. И оваа година повторно ќе бидеме меѓу првите и ќе реализираме 90 проценти од задачите“, изјави Пренџов.

Според него, СДСМ треба да биде информиран за текот на преговорите, бидејќи процесот трае со месеци, а нивни претставници активно учествувале до пред неколку состаноци.

„Има големи поместувања и се работеше согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР, но ова антидржавно однесување и повлекување поради каприци ќе им го оставам на граѓаните да го оценат“, заклучи Пренџов.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top