На прво место

СДС, Левица и ДУИ го жртвуваа Изборниот законик да им угодат на барањата на нашите соседи

Наместо нови изборни правила усогласени со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, опозициските партии избраа блокада, за на следните избори повторно да се претставуваат како жртви и однапред да го оспоруваат резултатот

Рокот помина, договор нема, а Македонија остана без нов Изборен законик. Наместо политичка зрелост и одговорност, јавноста доби илјадници амандмани, меѓусебни обвинувања и свесно одолжување на процесот до истекот на последниот грејс-период на 15 јули.

Според објавените информации, поради неисполнувањето на оваа обврска од Реформската агенда, Македонија останува покуса и за 4,2 милиони евра европски средства. Тоа не е штета за една партија или за Владата, туку директна штета за државата и нејзините граѓани.

Одговорноста не може да се разводнува со политички фрази. СДС, Левица и ДУИ беа директно вклучени во процесот, имаа свои претставници во работната група и имаа можност навреме да ги изнесат своите забелешки и да помогнат во создавањето решение прифатливо за сите. Наместо тоа, во завршницата следуваа блокади, нови услови и обиди целата постапка повторно да се врати на почеток.

СДС и Левица поднесоа повеќе од 13.000 амандмани, со што практично беше оневозможено навремено завршување на собраниската постапка. СДС побара прашањето за гласањето на дијаспората да се издвои и да се формира нова експертска група, додека Левица отвори дополнителни барања за изборниот модел, финансирањето и други прашања. Наместо решение, јавноста доби уште еден круг преговори без рок и без извесен крај.

ДУИ, пак, не покажа дека е заинтересирана да помогне во постигнувањето поширок политички договор. Иако сите партии имаа простор да влијаат врз текстот, не беше создаден заеднички фронт за донесување на реформата. Така, различните партиски образложенија на крајот произведоа ист резултат – блокиран закон и пробиен рок.

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР не се партиска желба

Новиот Изборен законик не беше измислен за потребите на една власт. Тој претставуваше преземена реформска обврска на Македонија.

Во Реформската агенда е предвидено изборното законодавство сеопфатно да се разгледа, да се отстранат постојните недоследности и да се вградат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и на Венецијанската комисија.

Документот предвидува подобрување на постапките за заштита на избирачкото право, регистрацијата на гласачите, изборната кампања, нејзиното финансирање и медиумското претставување.

ОДИХР и по локалните избори во 2025 година утврди недоследности и празнини во изборното законодавство и даде 29 препораки. Меѓу главните барања се сеопфатна ревизија на законите, поголема транспарентност на финансирањето, подобра заштита од злоупотреба на јавните ресурси и поефикасно решавање на изборните приговори.

Со други зборови, блокирањето на Изборниот законик значи блокирање на европските стандарди за фер, јасни и транспарентни избори.

Наместо реформа – подготовка на улогата на жртва

Политичката пресметка зад блокадата сè повеќе се гледа. СДС, Левица и ДУИ очигледно проценија дека повеќе им одговара да нема нов Изборен законик.

Без нови и попрецизни правила, тие на следните избори ќе можат однапред да тврдат дека изборниот систем не бил реформиран, дека препораките на ОБСЕ/ОДИХР не биле вградени и дека биле политички оштетени. Ќе се обидат да се претстават како жртви на состојбата што самите помогнаа да се создаде.

Тоа е позната политичка тактика: прво да го блокираш решението, а потоа да се жалиш дека проблемот не бил решен.

Прво да поднесеш илјадници амандмани и да го истрошиш рокот, а потоа да ја обвиниш власта дека не обезбедила реформа. Прво да одбиеш компромис, а потоа да тврдиш дека не постоеле услови за фер избори.

Но фактите ќе останат запишани. Македонија имаше можност да добие нов Изборен законик и да ги вгради меѓународните препораки. Таа можност беше блокирана заради СДС, Левица и ДУИ .

Македонија повторно ја плаќа цената

На СДС, Левица и ДУИ очигледно поважна им е идната партиска приказна отколку сегашниот интерес на државата. Наместо да придонесат за правна сигурност и поголема доверба во изборите, тие создадоа нова причина за политички конфликти, сомнежи и обвинувања.

Македонија повторно ја плаќа цената на теснопартиските пресметки – со изгубено време, пробиени реформски рокови, неизвесност околу европските средства и недонесен закон.

Затоа, кога на следните избори СДС, Левица и ДУИ ќе се обидат да се претстават како оштетени, јавноста треба да се потсети на едноставната вистина: не може да бидеш жртва на блокадата што самиот си ја создал.

Ова е уште еден силен доказ дека опозицијата не работи во интерес на граѓаните и на Македонија, туку исполнува агенди што им одговараат на одредени наши соседи.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top