На прво место

Прослава на Голема Богородица во Скребатно-Охридско

Култот на Светата Марија се негува насекаде во Македонија, а особено се негува во Охридскиот регион. Нејзиниот култ е претставен во македонската средновековна литература, во традициите и фолклорот. Историјата на уметноста има важна улога во културните достигнувања, а некои од македонските икони и фрески се вклучени во светското наследство. Затоа, славата и честа на Пресветата Дева Марија во Македонија се големи, слично или идентично како во целиот христијански свет,

Според верувањата на христијаните Богородица била мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Марија е позната и како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Блажена Марија. Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.

Според историските податоци Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Маријаа, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека Богородица заспала блажено, спокојно и радосно, а по смртта воскреснала и заминала на Небото, како со душата така и со телото. Називот успение значи заспивање. Во источните цркви, и католичка и православна, празникот се нарекува Dormition of the Blessed Mother (Успение на Пресвета Богородица).

Овој ден се празнува на 15 август по стариот календар, или 28 август по новиот календар,
На празникот Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица од Охрид, преку Лескоец се стасува до селото Скребатно каде се одржува големиот народен собир кај црквата посветена на Света Богородица во ова охридско село. Ова напуштено македонско село во кое денес никнат нови куќи е скриено како во гнездо во пазувите на планината Петрино, се наоѓа на десеттина километри од Лескоец

Патниците кои доаѓаат преку Ресен во Охрид го познаваат Лескоец дека почнува од поранешниот индустриски центар кај Косел се’ до вечните почивалишта на Охриѓани. Меѓутоа, патот од Лескоец до Скребатно е посебна приказна за посетителот. Уште од почетокот се забележуваат убави и современи македонски куќи со различна архитектура која го привлекува вниманието на посетителот.

Дел од прославата во Манастирот

Патот за Скребатно е асфалтиран и пријатен за патување. Но природата од двете страни на реката има посебна убавино. Насекаде зеленило и различни планински дрва. Човек се чувствува како да бил повеќе пати. На природната убавина ѝ нема крај. Исто така, по патот се гледаат и бројни варници, што е значајна карактеристика за овој крај под варовитата  Галичица.

Во селото Скребатно, во кое покрај напуштените стари и трошни куќи се градат и нови домови, и по патот со повеќе кривини и узгорништа се доаѓа до црквата Света Богородица. Инаку, црквата Света Богородица во Скребатно целосно е возобновена пред дваесетина години, врз темелите на стариот храм чија старост не е точно утврдена. Скребатно, пак, по прв пат во пишан документ се спомнува уште во 1583 година. А, Македонците по потекло од селото Скребатно каде денеска нема жители не само што ја чуваат традицијата, верата и обичаите туку претставуваат и вистински пример како треба да се сака и надградува едно свето место.

На 28 август голем број верници патуваат за Скребатно, каде е задоволство да се присуствува на големиот народен собир кај црквата посветена на Мајка Богородица,. На ова големо народно-црковно собирање и прославување, како и во изминатите години, така и годинава, присуствуваа близу седум илјади гости-верници, намерници, туристи….

Секој посетител на црквата која го носи името на Пресвета Богородица, запалува  свеќи и се помолува за здравје и среќа. Инаку, Пресвета Богородица како заштитничка на децата и семејството, посебно е почитувана од жените. Тоа е она што дава повод мајките како носителки на род, како заштитнички на домовите, самите мајки на еден начин да се приближат кон светоста на Богородица, бидејќи таа е најпочитувана света жена во православната црква. Така, со света литургија и богослужби, во чест на Божјата Мајка се одбележа и годинешниот празник Света Богородица.

Во црквата и црковниот имот кои се посветенi на сите кои во минатото го напуштиле селото и се иселиле во Лескоец, Охрид, други места во Македонија и во иселеништво и се далеку од нивното родно место, тие црковниот имот го викаат Манастир. А најголем настан во Скребатно е прославата на Света Богородица na 28 август. Тоа е денот на заштитничката Света Богородица. Цела година Скребаштани се подготвуваат за тој ден, а го празнуваат цела недела.

Според информациите на членот на Одборот за прославата Илија Мирјаноски  прославата на празникот Голема Богородица во Скребатно започна уште на 27 aвгуст во 20 часот со музичката програма и настапот на КУД „Разбој’ од Лескоец.како и групите „Маестра“ и “Методија Столески“. Притоа, голем број верници остануваат да преноќат во Манастирот.

На денот на прославата на 28 август, во 8 часо се одржа богослужба во манастирска црква, во 12 чатот имаше лицитација на црковниот бајрак, а во 15 часот се служеше националниот ручек.

Така, за празникот Успение на Пресвета Богородица се приготвува и дели ручек за околу три илјади луѓе, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века. Ручекот е манџа од овчо месо, сервирана во земјени чинии и дрвени лажици. Тогаш се служи прекрасен селски леб печен во домашни фурни на дрва. За таа цел се колат педесетина овци и јагниња, а манџата се готви истиот ден во големи бакарни котли. Тој ден се послужуваат околу 3.000 ручеци и тоа за само еден час, што е големо доживување да се види како посетителите седат во ливадата.

Исто така, секоја година на празникот во Скребатно се одржува наддавање за светиот крст и други донаторски активности, а средствата собрани од учесниците во наддавањето се искористуваат за надградба и одржување на светиот храм, за подобро утре на ова  познато излетничко место.

Инаку, имотот на црквата Успение на Пресвета Богородица е голем и опфаќа ливади, шума, река со мали водопади, чешма со вонредно студенвода, кујна  опремена со прибор за 5.000 гости, отворени шанкови, скари, маси за ручање на повеќе места во комплексот, уредени и чисти тоалети, приклучоци за струја низ целиот комплекс, спортски терени за мал фудбал, кошарка и ракомет, рибник и реновираната црква Света Богородица. Сето тоа е на располагање на посетителите, гости-верници, намерници, туристи…. 24 часа без никаков надоместок.

Затоа Скребатно е посетено од многу луѓе речиси секојдневно кога временските услови тоа го дозволуваат. Во Манастирот Света Богородица на ова убаво планинско село по повод повеќе празници се организираат забавни програми, концерти и други манифестација, каде Македонците од овој убав крај ја изразуваат нивната вера, надеж и љубов кон Македонската православна црква – Охриска архиепископија и кон Македонија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

22 октомври – Денот кога се исправала неправдата кон Методија Андонов-Ченто

На 22 октомври 1990 година била укината пресудата против првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дваесет години подоцна, на истиот датум, Република Македонија посмртно му го доделила највисокото државно одликување. Во македонската историја, името на Методија Андонов-Ченто останува поврзано со создавањето на современата македонска држава, но и со неправдата што ја доживеал по нејзиното ослободување. […]

Филипче е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ. Но дали е добра вест за Македонија?

Додека раководството за СДС слави за четвртото место, останува прашањето кој ќе ја преземе одговорноста за поразот. Сè додека Венко Филипче го води СДС на овој начин, ВМРО-ДПМНЕ има добра причина спокојно да ги очекува следните избори. Опозиција што по четврто место зборува за успех му ја олеснува работата на секој политички противник. Но она […]

Големиот син на Македонскиот народ — Методија Андоновски-Ченто

Методија Андонов-Ченто беше и остана во срцата на македонските патриоти. Ченто – идеалот за слободна Македонија Од архивата на „Македонска нација“ Пишува: Драган Богдановски Во продолжение пренесуваме јазично уредена верзија на текстот на Драган Богдановски, објавен во списанието „Македонска нација“, број 63, на страница 4. Зачувани се основната авторска порака и критичкиот тон, со корекции […]

Ако СДС од четвртото место слави, за првото ќе треба да се прогласи неработна недела

СДС во Брвеница: четврти по гласови, први по „раст“ Да изгубиш четири спрема еден, да завршиш четврти и да соопштиш дека имаш раст — тоа е талент што обичниот гласач тешко може да го разбере. Човекот гледа во резултатите, гледа во телевизорот, па ги брише очилата. Повторно гледа. Бројките исти, растот продолжува. На крајот се […]

Делегација на македонското Собрание во посета на Израел

Продлабочување на парламентарната соработка, средби во израелските институции и оддавање почит на жртвите на Холокаустот беа дел од посетата на собраниската делегација, предводена од Рашела Мизрахи. На покана на Министерството за надворешни работи на Државата Израел, делегација на Собранието на Република Македонија престојуваше во Израел од 11 до 16 октомври 2026 година. Делегацијата ја предводеше […]

To top