На прво место

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА за изјавата на српскиот претседател г. Александар Вучиќ

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател г. Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“.
Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), потсетува дека, како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и како наследничка на Јустинија Прва и на обновената Охридска Архиепископија, МПЦ – ОА ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност. 

Длабоко свесна за својата историска улога и за одговорноста во духовниот живот на македонскиот народ, а водена од евангелските начела и богатото православно предание, таа останува Црква отворена за сите, обединувајќи ги своите верни во единството на верата и во евхаристиското заедништво, надминувајќи ги сите минливи политички, идеолошки и општествени поделби.

Евангелието Христово, верата во Воскресението и благосостојбата на доверените души се основната и единствена водилка во дејствувањето на МПЦ – ОА и ги отфрла сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат.

Се вели во реакцијата на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

Најново од: На прво место

За СДС е добро сè што ѝ штети на Македонија – дури и попречувањето на борбата против корупцијата

Кога институциите откриваат и спречуваат корупција, СДС не ја поздравува нивната работа, туку измислува политички конструкции и се обидува успешно разрешениот случај да го претстави како слабост на системот. СДС, наместо да одговори за бројните корупциски скандали и судски случаи што го одбележаа периодот на неговото владеење, денес со политички напади се обидува да ја […]

Македонија папокот на светот

Македонија не е само географска точка на картата, туку простор на кој со милениуми се вкрстувале цивилизации, култури, верувања и историски патишта. Нејзината земја крие безброј археолошки сведоштва, а нејзиниот народ носи колективна меморија што не успеале да ја уништат ниту војните, ниту поделбите, ниту забраните. Токму затоа документарниот филм „Европската Атлантида? Изгубениот ‘папок на […]

Борба против криминалот е апсење вработен што побарал мито – тоа тешко го сфаќа СДС

Борба против криминалот е кога вработен што се обидел да земе мито ќе биде откриен и приведен – тоа СДС тешко го сфаќа, бидејќи во нивно време се крадеше од чистачка до премиер. Во правна држава одговорноста е лична. Ако вработен побара мито, институциите треба да го откријат, да обезбедат докази и да го изведат […]

Се одржа 52. Црковно-народен собор во Чикаго

Од 4 до 6 септември 2026 година, за време на празнувањето на Денот на трудот во САД, во Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго, Илиноис, се одржа 52. Црковно-народен собор на Американско-канадската македонска православна епархија. Со богослужбите чиноначалствуваше надлежниот архиереј, митрополитот г. Методиј, во сослужение со бројни свештеници од САД и Канада. […]

Македонците во Австралија со голема љубов прославуваат 35 години од независноста на Македонија

Заедницата во Австралија се смета за една од најдобро организираните во светот, каде што прославите не се само обичен настан, туку чин на национално единство. Големата почит кон македонските национални празници во дијаспората, особено во Австралија, е клучниот столб што ги чува македонскиот идентитет, јазик и култура илјадници километри подалеку од татковината. Манифестациите во дијаспората […]

Митева: Независноста не им припаѓа на институциите и на Владата, туку на граѓаните

По повод 35-годишнината од независноста на Република Македонија, во текот на целиот месец се организираат бројни активности и манифестации, чија цел е прославата да им се доближи на граѓаните и да го зајакне чувството на заедништво и припадност кон државата. Марија Митева, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ […]

Македонија официјално стана дел од Вертикалниот гасен коридор

Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор – една од клучните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас, зајакнување на енергетската безбедност и поврзување на гасните пазари во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Солун го потпиша Меморандумот за соработка, со што Македонија […]

Македонски историски календар: 5 септември

1919 – Роден е Владо Малески, авторот на македонската химна Во Струга е роден Владо Малески, истакнат македонски писател, револуционер, учесник во Народноослободителната борба, новинар, сценарист, дипломат и општествено-политички работник. Малески е автор на текстот на македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, како и на сценариото за „Фросина“ – првиот македонски игран филм. Бил […]

To top