На прво место

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да понесе одговорност за скандалот во Гостивар, коалицијата со Таравари и ДУИ им нанесе штета на гостиварчани

СДС не може да избега од одговорноста за случувањата во Гостивар, бидејќи функционери поддржани од нив, како што се наведува, денес се сомничат дека ја загадиле водата во градот и околината, по што илјадници граѓани побарале лекарска помош.

Во соопштението се наведува дека СДС очекува гостиварчани да заборават на коалицијата со Арбен Таравари и ДУИ, но дека одговорноста за последиците од, како што се оценува, овој скандал не може да се игнорира.

Во реакцијата се посочува и дека претседателот на СДС, Венко Филипче, нема кредибилитет да говори за здравствени политики, при што се потсетува на неговиот мандат како министер за здравство.

За време на ковид-пандемијата Македонија била меѓу земјите со највисока стапка на смртност, а наместо навремена набавка на вакцини, се договарале провизии. Како дел од критиките се наведува и пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица. Иако биле обезбедени средства и проект за нов клинички центар, тој не бил реализиран. Исто така, се тврди дека наместо инвестиции во нови болници, операциони сали и медицинска опрема, се делеле тендери на блиски лица, а дел од медицинската опрема останувала неискористена.

„СДС и Филипче треба да размислат пред да зборуваат за здравјето на граѓаните. Поради нивните политики изгубивме илјадници граѓани“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати итен апел и насоки до жителите на Гостивар за користење на водата и превенција од заболувања кои се пренесуваат преку вода, откако е воведена забрана за нејзино користење од градскиот водовод.

​Од Одделот за епидемиологија на заразни заболувања предупредуваат дека небезбедната вода може да биде извор на бактериски, вирусни и паразитарни инфекции кои предизвикуваат гастроентеритиси, објави 4news.mk Со цел да се спречи појава и ширење на заразни болести, надлежните наложуваат строго почитување на следниве заштитни мерки: ​Забрана за водата од водоводот во домаќинствата

​Граѓаните не смеат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и за подготовка на храна. Наместо тоа, задолжително треба да се обезбеди фабрички пакувана (флаширана) вода, при што минималните потреби се проценети на најмалку 4 литри вода по лице на ден.

​Водата од водоводот не смее да се користи за:

​Подготовка на храна и оброци за доенчиња;
​Миење на овошје и зеленчук кои се консумираат свежи;
​Подготовка на мраз;
​Подготовка на сокови, кафе, чај и други пијалаци.

​Ригорозна хигиена и посебни правила за угостителите и градинките

​Хигиената на рацете мора да се одржува исклучиво со сапун и безбедна (флаширана) вода, особено пред подготовка на храна, по користење тоалет, по менување пелени и по контакт со болно лице. Доколку нема безбедна вода, може да се користи дезинфициенс на база на алкохол, но само доколку рацете не се видливо извалкани. За миење заби мора да се користи единствено флаширана вода, додека за туширање може да се користи и превриена вода, со голем претпазливост да не се голтне.

​Посебни обврски се наметнуваат и за рестораните, кафулињата и угостителските објекти, кои не смеат да ја користат водата од водоводот за пијалаци и миење на овошје/зеленчук, а машините за мраз мора целосно да се исклучат. Во детските градинки, децата мора да пијат исклучиво флаширана вода, а чешмите не смеат да се користат за полнење шишиња.

 

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top