На прво место

СДС зборува за борба против корупцијата, а токму тие го сменија Кривичниот законик за да го амнестираат сопствениот криминал

Македонска Нација

Македонска Нација

Мицкоски вели дека е парадокс токму СДС да најавува антикорупциски закон, потсетувајќи на измените на Кривичниот законик кои, според него, довеле до амнестирање на криминалот од поранешната власт.

Премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше на најавите од СДС за подготовка на антикорупциски закон, оценувајќи дека јавноста со право гледа со недоверба на ваквите иницијативи кои доаѓаат од партија што, според него, оставила длабоки траги на неказнивост и корупција во изминатите години.

СДС веќе извесен период најавува подготовка на антикорупциски закон кој, според лидерот на партијата Венко Филипче, треба да означи крај на неказнивоста и воспоставување систем во кој секој што го прекршил законот ќе сноси одговорност.

Коментирајќи ги овие најави, Мицкоски истакна дека првично мислел оти станува збор за политичка шега.

„Кога неодамна го слушнав ова, мислев дека е нешто што го прочитав во рубриката ‘верувале или не’. Затоа се воздржав од коментар и почекав да помине некое време, но гледам дека тие оваа работа ја тркалаат и навистина изгледа веруваат во оваа работа“, изјави Мицкоски.

Тој потсети дека токму поранешната власт предводена од СДС го измени Кривичниот законик, потег што, според него, директно придонел за амнестирање на бројни случаи поврзани со висок криминал и злоупотреби на функциите.

„Во оваа работа веруваат луѓето, односно дечињата на принцот на криминалот кој за да се амнестира себеси и криминалот што го правеше заедно со своите дечиња кои сега ги инсталира во СДСМ, го смени Кривичниот законик со што практично се амнестираше сиот криминал што го правеа како влада“, нагласи премиерот.

Мицкоски оцени дека јавноста е оправдано збунета од обидите на СДС да се претставува како предводник на борбата против криминалот и корупцијата, додавајќи дека токму политиките на оваа партија во минатото придонеле за нарушување на довербата во институциите.

Според него, дополнителна причина за вознемиреноста кај опозициските структури е засиленото дејствување на институциите во насока на расчистување на сомнежите за криминал и корупција.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top