На прво место

Собранието денес расправа за реконструкцијата на Владата, на дневен ред разрешувања и избор на нови министри

Премиерот Христијан Мицкоски ќе ги образложи причините за владината реконструкција, а пратениците ќе одлучуваат за повеќе кадровски промени во извршната власт

Собранието денеска ќе ја одржи 112. седница, на чиј дневен ред како централна точка е реконструкцијата на Владата. Пратениците ќе расправаат за предлозите за разрешување на повеќе министри и заменици-министри, како и за избор на нивните наследници.

Според предложените кадровски промени, од функцијата министер за правда треба да биде разрешен Игор Филков, а за нов министер е предложен Јетон Шасивари.

Промени се предлагаат и во Министерството за односи меѓу заедниците, каде што Иван Стоилковиќ треба да биде разрешен, по што е предвидено да ја преземе функцијата министер за локална самоуправа. Од оваа функција, пак, ќе биде разрешен Златко Перински, кој се очекува да биде именуван за директор на Фондот за здравствено осигурување.

За нов министер за здравство е предложен Сашо Клековски, кој треба да го наследи Азир Алиу, додека Агон Ферати е кандидат за министер за односи меѓу заедниците.

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлага Цветан Трипуновски да биде разрешен, а на негово место да биде избран Борче Серафимовски. Во Министерството за социјална политика, демографија и млади, наместо Фатмир Лимани, за министер е предложен Ѓоко Велковски.

Кадровски промени се предвидени и во Министерството за култура и туризам, каде што се предлага разрешување на Зоран Љутков, а функцијата да ја преземе Седат Сулејмани. За министер без ресор, наместо Шабан Салиу, е предложен Ерџан Демир.

Се очекува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, пред пратениците да ги образложи причините за реконструкцијата, која беше најавувана во изминатиот период.

Согласно собранискиот Деловник, по секој предлог за разрешување се отвора расправа што може да трае најмногу два дена. Министрите за кои е поднесен предлог за разрешување имаат право на обраќање во траење до 15 минути. За избор на новите министри е потребно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top