На прво место

Уставот не смее да стане алатка за политички спас на истрошени структури од СДС

Повторно на политичката сцена се враќа добро познатата реторика на СДС и нивните наследници – дека Македонија нема иднина ако веднаш не ги прифати бугарските барања и ако Бугарите не влезат во Уставот.

Венко Филипче денес настапува како гласноговорник на таа политика, обидувајќи се јавноста да ја убеди дека не постои друга опција, ниту достоинствен пат за државата. Но граѓаните добро паметат кој ја донесе Македонија во оваа состојба. Истите тие структури кои денес зборуваат за „европски вредности“ се луѓето кои прифаќаа ултиматуми без национален консензус, ги потценуваа чувствата на народот и ја туркаа државата во постојани отстапки.

Наместо цврста дипломатија и заштита на македонските позиции, тие избраа политика на сервилност, надевајќи се дека со секое ново попуштање ќе добијат политичка поддршка однадвор и спас за сопствените политички кариери.

Венко Филипче денес не нуди визија за Европа, туку продолжение на политиката на безусловно прифаќање на туѓи барања. Најопасно е што тоа се претставува како „единствен пат“, како Македонија да нема право на достоинство, државничка позиција и црвени линии. Тоа не е европеизам, туку обид за нормализација на понижувањето.

Кога една држава е доведена во ситуација постојано да менува позиции, идентитетски формулации и историски отстапки за да добие ветување наместо гаранција, тогаш проблемот не е во народот, туку во политичарите кои без отпор ги прифаќаат условите. А уште потрагично е кога тие политичари се претставуваат како спасители, иако токму нивните политики ја отворија вратата за ваквите уцени.

Филипче денес делува како продолжена рака на истата структура која со години ја претвораше Македонија во држава без самодоверба. Под сенката на Зоран Заев и струмичкиот клан, повторно се турка приказната дека секое спротивставување на бугарските барања е „антиевропско“, а секое прифаќање на понижување е „државничка зрелост“. Но народот веќе гледа дека зад таа реторика не стои грижа за европската иднина, туку политички опстанок на истрошени и компромитирани елити.

До кое дереџе ја донесоа европската перспектива на Македонија ако денес како најголем „реформски“ успех се продава бришењето на сопствените позиции и прифаќањето на туѓи диктати? Ако единствениот пат кон Европа е преку распродажба на националните интереси, тогаш проблемот не е во Македонија, туку во луѓето кои со години ја воделе без чувство за државен интерес и национално достоинство.

Македонија не смее да биде заложник на политичари кои се подготвени на сè за сопствен спас. Европска иднина не се гради со наведната глава, туку со достоинство, принципи и јасна заштита на националните интереси.

Ознаки: Венко Филипче, Зоран Заев, уставни измени, Бугарија, Македонија, национални интереси, СДСМ, европска иднина, македонски идентитет, политика

Најново од: На прво место

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

22 октомври – Денот кога се исправала неправдата кон Методија Андонов-Ченто

На 22 октомври 1990 година била укината пресудата против првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дваесет години подоцна, на истиот датум, Република Македонија посмртно му го доделила највисокото државно одликување. Во македонската историја, името на Методија Андонов-Ченто останува поврзано со создавањето на современата македонска држава, но и со неправдата што ја доживеал по нејзиното ослободување. […]

Филипче е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ. Но дали е добра вест за Македонија?

Додека раководството за СДС слави за четвртото место, останува прашањето кој ќе ја преземе одговорноста за поразот. Сè додека Венко Филипче го води СДС на овој начин, ВМРО-ДПМНЕ има добра причина спокојно да ги очекува следните избори. Опозиција што по четврто место зборува за успех му ја олеснува работата на секој политички противник. Но она […]

To top