На прво место

Викенд посветен на македонското културно наследство во Охрид: започна јубилејното 10. издание на Birthright Macedonia

Осум млади Македонци од дијаспората пристигнаа во Македонија за тринеделна програма што ги поврзува со нивните корени преку професионална пракса, културно наследство и нови пријателства.

Со свечен настан во Охрид официјално започна јубилејното, десетто издание на програмата Birthright Macedonia, која и оваа година обедини млади Македонци од дијаспората со нивната татковина.

Изминатиот викенд, осум учесници од Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија и Германија пристигнаа во Македонија, каде што ја започнаа својата тринеделна програма за повторно поврзување со своите корени. Програмата опфаќа професионална пракса во македонски компании и организации, запознавање со македонската култура и традиција, како и создавање трајни пријателства и професионални контакти.

Свеченото отворање се одржа во Куќата на Робевци во Охрид, во присуство на овогодинешните ментори, партнери, алумни и бројни гости. Настанот беше посветен не само на почетокот на новото издание на програмата, туку и на одбележувањето на десетгодишниот јубилеј на Birthright Macedonia.

Во рамките на Викендот посветен на македонското културно наследство, учесниците имаа можност да го запознаат Охрид – град под заштита на УНЕСКО. Тие ги посетија Античкиот театар, Плаошник и препознатливата црква „Св. Јован Канео“, а потоа уживаа и во пловидба по Охридското Езеро.

Програмата продолжи со посета на Заливот на Коските и манастирот „Св. Наум“, а викендот беше заокружен со заеднички ручек покрај езерото во Трпејца.

Во текот на оваа недела учесниците ја започнуваат својата професионална пракса во Охрид и околината, каде што ќе стекнат драгоцено работно искуство, додека паралелно ќе продолжат да ја откриваат историјата, културата и традициите на земјата на своите предци.

Од Обединетата Македонска Дијаспора најавуваат дека и во наредните денови ќе споделуваат нови приказни, фотографии и впечатоци од јубилејното, десетто издание на програмата Birthright Macedonia, која веќе една деценија успешно ги поврзува младите Македонци од целиот свет со нивната татковина.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top