На прво место

Земјоделците не и веруваат на СДС

Години неисполнети ветувања, погрешни политики и изгубена доверба ја оддалечија партијата од граѓаните.

Венко Филипче повторно се обидува да продава приказни и да шири паника меѓу земјоделците, како граѓаните да заборавиле што оставија зад себе тој и СДС по заминувањето од власт.

Истите тие што денес држат лекции за земјоделството, со години ги оставаа земјоделците без исплатени субвенции. Кога СДС ја напушти власта, останаа неисплатени обврски за 2020, 2021, 2022 и 2023 година. Илјадници земјоделци со месеци и години чекаа на парите што законски им припаѓаа, додека владините функционери убедуваа дека сѐ е во најдобар ред.

Затоа денес граѓаните имаат право да прашаат: каде завршија парите што требаше да бидат исплатени на земјоделците? Додека земјоделците чекаа субвенции, дел од поранешните функционери купуваа скапи станови, живееја во луксуз и патуваа низ светот. Наместо одговори, јавноста добива политички настапи и нови обиди за манипулација.

Фактите се немилосрдни. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веднаш по преземањето на одговорноста започна со расчистување на хаосот што го остави СДС. Само во периодот од 27 јули до 31 декември 2024 година беа исплатени близу 4 милијарди денари за заостанати обврски. Дополнително, исплатени се 350 милиони денари за неисплатени плати на вработените во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство.

Вкупно, од 27 јули 2024 година до денес, исплатени се речиси 14 милијарди денари за заостанати и тековни обврски кои граѓаните и институциите ги наследија од владеењето на СДС.

Наместо да се обидува да собира политички поени врз грбот на земјоделците, Филипче треба да одговори на неколку многу конкретни прашања.

Зошто токму во времето на СДС во Законот за вино беше вметната одредба со дополнителни 8 проценти кои денес винариите им ги одбиваат на лозарите?

Зошто СДС со години не изработи методологија за пресметка на производните трошоци за килограм винско грозје, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ тоа го направи за само 18 дена?

Зошто земјоделците беа оставени сами да се снаоѓаат додека институциите молчеа и ги одложуваа нивните барања?

Токму затоа лагите повеќе не поминуваат. Граѓаните добро паметат кој ги остави долговите, а кој ги сервисира. Добро знаат кој ги ветуваше субвенциите, а не ги исплаќаше. Добро знаат и кој денес работи на решавање на проблемите што со години биле туркани под тепих.

Резултатите во земјоделството се видливи и мерливи. Земјоделците денес имаат партнер во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и знаат дека нема да бидат оставени сами, како што беа во времето на СДС.

Политичките прес-конференции можат да создадат дневна врева, но фактите остануваат. А фактите не се на страната на Филипче и СДС.

Најново од: На прво место

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

22 октомври – Денот кога се исправала неправдата кон Методија Андонов-Ченто

На 22 октомври 1990 година била укината пресудата против првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дваесет години подоцна, на истиот датум, Република Македонија посмртно му го доделила највисокото државно одликување. Во македонската историја, името на Методија Андонов-Ченто останува поврзано со создавањето на современата македонска држава, но и со неправдата што ја доживеал по нејзиното ослободување. […]

Филипче е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ. Но дали е добра вест за Македонија?

Додека раководството за СДС слави за четвртото место, останува прашањето кој ќе ја преземе одговорноста за поразот. Сè додека Венко Филипче го води СДС на овој начин, ВМРО-ДПМНЕ има добра причина спокојно да ги очекува следните избори. Опозиција што по четврто место зборува за успех му ја олеснува работата на секој политички противник. Но она […]

Големиот син на Македонскиот народ — Методија Андоновски-Ченто

Методија Андонов-Ченто беше и остана во срцата на македонските патриоти. Ченто – идеалот за слободна Македонија Од архивата на „Македонска нација“ Пишува: Драган Богдановски Во продолжение пренесуваме јазично уредена верзија на текстот на Драган Богдановски, објавен во списанието „Македонска нација“, број 63, на страница 4. Зачувани се основната авторска порака и критичкиот тон, со корекции […]

Ако СДС од четвртото место слави, за првото ќе треба да се прогласи неработна недела

СДС во Брвеница: четврти по гласови, први по „раст“ Да изгубиш четири спрема еден, да завршиш четврти и да соопштиш дека имаш раст — тоа е талент што обичниот гласач тешко може да го разбере. Човекот гледа во резултатите, гледа во телевизорот, па ги брише очилата. Повторно гледа. Бројките исти, растот продолжува. На крајот се […]

Делегација на македонското Собрание во посета на Израел

Продлабочување на парламентарната соработка, средби во израелските институции и оддавање почит на жртвите на Холокаустот беа дел од посетата на собраниската делегација, предводена од Рашела Мизрахи. На покана на Министерството за надворешни работи на Државата Израел, делегација на Собранието на Република Македонија престојуваше во Израел од 11 до 16 октомври 2026 година. Делегацијата ја предводеше […]

To top