На прво место

Зошто на бришачите на шахти, им пречат симболите на независноста и македонското знаме?

Настанот „Силно светнал ден“, организиран по повод 35 години од независноста, испрати порака на заедништво, национална самодоверба и почит кон македонската државност. Граѓаните ја препознаа таа порака, додека Венко Филипче и неколкумината околу него повторно се обидуваат да оцрнат проект што ги истакнува македонската историја и национална самобитност.

Тоа веќе не изненадува. Станува збор за политичари што опстојуваат преку поделби, негирање и потценување на сè што носи македонски предзнак. Наместо да придонесат за обединување на државата, тие, како политички лешинари, се обидуваат да соберат ситни поени дури и од темите што ги поврзуваат граѓаните.

На СДС сега му пречат и македонското сонце и уметничката инсталација во која знамето од Кутлеш се претопува во денешното македонско знаме со осум зраци.

Последна што може да зборува за наводно понижување на државата е СДС — партијата на „бришачите на шахти“, под чие владеење беа променети името на државата, Уставот, името на автопатот и аеродромот, како и други државни обележја и симболи.

Со каков кредибилитет нејзините лидери денес зборуваат за достоинство, откако со години ја распродаваа македонската историја и ги поткопуваа темелите на државата? Јавноста сè уште очекува одговори и за бројните афери и обвинувања поврзани со станови во Дубаи, фирми во Бугарија и јахти во Грција.

СДС е партијата што го избриша АСНОМ од уставната преамбула и овозможи да се наметнуваат тези дека Македонија постои дури од 1944 година и дека Македонците пред тоа биле Бугари. Затоа денешните обвинувања на оваа партија за наводно понижување на државата звучат крајно лицемерно.

Ќе бидат потребни години за да се поправи политичката, националната и општествената штета што СДС со децении ѝ ја нанесува на Македонија. Но едно е сигурно: Македонија ќе продолжи напред, без оглед на оние на кои им пречат нејзиното знаме, нејзината историја и нејзината независност.

Најново од: На прво место

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top