Тема: Голо Брдо

Преображение во Голо Брдо – празник што ги обединува Македонците

Празникот Преображение Господово има посебно значење за Македонците од областа Голо Брдо, како и за македонското население од поширокиот дебарски крај во Албанија. На овој ден, црквата „Свето Преображение“ во селото Ербеле традиционално станува средиште на голем празничен собир. Македонците по потекло од Ербеле, село во областа Поле, позната и како Долни Дебар, во Албанија, […]

Македонски историски и црковен календар за 19 август

На 19 август: Празникот Преображение Господово е посветен на чудесното преобразување на Исус Христос пред апостолите Петар, Јаков и Јован на гората Тавор. Според евангелските сведоштва, додека Христос се молел, Неговото лице засветило како сонце, а облеката Му станала бела како светлина. Покрај Него се појавиле старозаветните пророци Мојсеј и Илија, а од облак се […]

Македонски историски и црковен календар – 17 август

17 август 986 – големата победа на цар Самуил кај Трајановата Врата На 17 август 986 година, во теснината Трајанова Врата, војската предводена од цар Самуил ѝ нанела тежок пораз на византиската војска на царот Василиј II. По неуспешната опсада на Средец-Софија , византиската војска започнала повлекување. Во планинскиот премин била пресретната и разбиена, додека […]

Македонски историски и црковен календар – 16 август

16 август 1872 – Ѓорѓија Пулевски го најавува својот учебник На 16 август 1872 година, додека работел како учител во Кукуш, Ѓорѓија Пулевски објавил известување за подготовка на учебник по граматика на македонското наречје. Пулевски е една од најзначајните личности во развојот на македонската национална, јазична и историска мисла во XIX век. Во своите дела […]

Македонски историски календар – 15 август

Петнаесетти август во македонската историја е поврзан со организирањето на македонското револуционерно движење, со Илинденското востание, со истакнати македонски дејци од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија, но и со трагични страдања на македонското население. 15 август 1865 – Роден е војводата Стефан Ролев Во селото Врбени, Леринско, во Егејскиот дел на Македонија, е роден […]

МАКЕДОНСКИ ИСТОРИСКИ КАЛЕНДАР – 13 АВГУСТ

Тринаесетти август зазема значајно, но и трагично место во македонската историја. На овој ден се одбележуваат херојската погибија на Питу Гули и востаниците на Мечкин Камен, загинувањето на воденскиот војвода Лука Иванов, убиството на петтемина струмички студенти и потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Овој календар е посветен на настаните и личностите од цела Македонија, вклучувајќи […]

Македонски историски календар – 11 август

На 11 август се навраќаме на повеќе значајни настани и личности од македонската историја. Овој датум нè води од борбата за автономна Македонија во XIX век, преку Илинденското востание и трагичната судбина на македонските револуционери, до усвојувањето на државните симболи на независна Република Македонија. Историското паметење не ги познава границите наметнати врз Македонија. Затоа календарот […]

Македонски историски календар: 10 август

Десетти август е еден од најтешките, но и најзначајните датуми во македонскиот историски календар. На овој ден загинал легендарниот илинденски војвода Јордан Пиперката, бил потпишан Букурешкиот мировен договор со кој била запечатена поделбата на Македонија, а во 1946 година биле донесени одлуки за признавање на македонскиот народ и за културна автономија во Пиринскиот дел на […]

Горанците – заборавеното македонско население на Гора меѓу Косово, Албанија и Македонија

Народ што ја зачувал душата на Шар Планина Гора, планинската област на Шар Планина, со векови претставува простор каде се зачувале старите македонски говори, обичаи и традиции. Иако денес различни држави и идеологии се обидуваат да го присвојат нивниот идентитет, дел од научната и етнографската литература укажува на блиски врски меѓу Горанците и македонското етнокултурно […]

To top