Тема: Васко Ковачевски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за политичкиот прогон на Заев, сега брани обвинители и функционери блиски до нивната власт

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на СДС, посочувајќи дека токму во времето на владеењето на СДС постоеле сериозни сведоштва за политички влијанија врз обвинителството и судството. Според партијата, обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО јавно сведочела дека Зоран Заев и Радмила Шеќеринска навечер оделе во канцелариите на СЈО и на обвинителите Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски, Фатиме […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев бришеше „македонски“ од институциите, Филипче е подготвен да го доврши бришењето на македонскиот идентитет

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ и лидерот Венко Филипче продолжуваат со политики кои, според партијата, се насочени кон поткопување на македонскиот национален идентитет и државните интереси. Од партијата велат дека процесот започнал за време на владеењето на Зоран Заев, а сега, како што наведуваат, Филипче е подготвен „да го доврши бришењето на сè што е македонско“. […]

Правдата во Македонија уште еднаш е ставена во служба на СДС и ДУИ

За време на седумгодишното владеење, СДС и ДУИ го исполниле правосудниот систем со свои кадри и послушници, кои наместо по закон, носат одлуки во корист на поединци блиски до власта. Од ВМРО-ДПМНЕ ја оценуваат како скандалозна одлуката на ЈО ГОКК, под раководство на Ислам Абази, да ја стопира постапката за, како што велат, криминал тежок […]

Милошоски: Ислам Абази го затвори случајот за мазутот тежок 167 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, донел контроверзна одлука за запирање на постапката поврзана со набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вредна 167 милиони евра. Според партијата, одлуката е донесена во корист на, како што велат, „структурите на СДС и ДУИ“, а пратеникот Антонијо Милошоски посочи дека случајот не смее […]

To top