На прво место

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за политичкиот прогон на Заев, сега брани обвинители и функционери блиски до нивната власт

Македонска Нација

Македонска Нација

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на СДС, посочувајќи дека токму во времето на владеењето на СДС постоеле сериозни сведоштва за политички влијанија врз обвинителството и судството.

Според партијата, обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО јавно сведочела дека Зоран Заев и Радмила Шеќеринска навечер оделе во канцелариите на СЈО и на обвинителите Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефанова им диктирале кои предмети да се работат, кој да биде опфатен, а кој да биде изземен од постапките.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат и на изјавата на поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, кој тврдеше дека бил разрешен откако не дал позитивно мислење во случајот „Мерцедес“, поврзан со Гордана Јанкуловска.

„Во кратки црти, Катевеновски беше разрешен затоа што не постапил по политичка директива“, наведуваат од партијата.

Во реакцијата се споменуваат и поранешната судијка Добрила Кацарска, како и обвинителката Вилма Русковска, за кои ВМРО-ДПМНЕ тврди дека постапувале по насоки на тогашната власт предводена од Заев.

Од партијата прашуваат зошто СДС тогаш молчела, а денес реагира за телефонски разговор помеѓу премиер и државен јавен обвинител.

„Што е криминално ако премиер побара информација за скандалот со ослободување од одговорност за милионски криминал во ТЕЦ Неготино?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението дополнително се наведува дека СДС директно се вклучува во одбрана на Васко Ковачевски, кој, според нив, бил ослободен од одговорност од обвинителството предводено од Ислам Абази.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top