На прво место

ВЕЛИГДЕНСКО ПРАЗНУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО

1hr1

1hr1

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА

За православните христијани во Македонија и во македонското иселеништво ширум светот (во дијапората) Христовото воскресение Велигден е празник кога се слави победата на животот на смртта, светлината над темнината. Денот на Воскресението Христово преставува Божји дар, вистинска радост која ни го осветлува патот на недежда, љубовта, мирот, радоста и среќата во животот.

Воскресението Христово преставува обединување околу верата и учењето Христово за милосрдието, праведноста, почитувањето и толеранцијата. Тоа е благородниот пат на Христовото учење од кој не треба да скршнуваме. Потребна ни е Христовата мир и љубов во нашите срца за да ја спознаеме вистината. Потребно ни е неговата верба и трпение за да ги надминеме сите меѓусебни недоразбирања и конфликти.

Христовото воскресение Велигден започнува од Ерусалим – најсветиот град на јудаизмот, третиот најсвет град во исламот и свет град за христијанството. На Велигден во исчекување на церемонијата на Светиот пламен, кој во источните цркви го симболизира Христовото воскресение, по полноќ Црквата на Светиот гроб во Ерусалим се исполнува со светлина од свеќи – симбол на воскресението. Сите камбани на древната црква чукаат во ритамот на силните пофални песни на радоста. Среде џагорот на следбениците се слуша повик кој постојано се повторува „Христос воскресна“ и одговорот „Вистина воскресна“.

Денот на Христовото воскресение Велигден е не само најголемиот туку и најстар христијански празник што се празнува од вториот век. Тој е суштината на Христијан-ството, потврда и на самата вера зашто како што рекол Свети Апостол Павле: „Ако Христос не воскреснеше празна ќе беше и нашата вера“.

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) која ги обединува верниците со православна вероисповед во Република Македонија и македонските иселеници во Австралија, Соединетите Американски Држави, Канада, Европската Унија и многу други земји ширум светот, го прослави најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, на кој чинодејствуваше поглаварот на МПЦ-ОА неговото блашенство г.г.Стефан, во сослужение со бројни свештенослужители.

1hr12

Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан

Во своето Велигденско обраќање архиепископот г.г.Стефан, меѓу другото рече:

„Денес торжествуваме и празнично Го величаме Христа воскреснатиот, Кој ја уништи смртта и го порази адот, Кој умрените ги ослободи и стана почеток – првороден меѓу мртвите. Бог, Кој стана човек и зеде врз Себе сè човечко, освен гревот, искусувајќи дури и страдание и смрт – го изврши она што никој пред Него и освен Него не можеше да го направи: го избави човештвото од ропството на гревот и смртта, и овозможи секој што верува во Него да воскресне! Како што Неговата смрт ја победи смртта на сите, така и Неговото воскресение е воскресение за сиот човечки род! Па, Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та преку Него сите да имаат живот вечен. Воскреснатиот Господ е единственото Ново под сонцето! Тој е Новата Пасха, преку која човештвото преминува „од смртта кон животот, од земјата кон небото“ и од временото кон вечното. Тој е лебот и лозата на животот коишто им се даваат на оние што со Неговото име се именуваат, на оние на кои никогаш не им престанува радоста од Воскресението,

На човекољубивиот Бог Му принесуваме ревносни молитви за да го воскресне мирот во неа и во целиот свет. Пастирски ги повикуваме сите верни да ги сочуваат своите срца од омраза и гнев, потсетувајќи дека нашата најголема борба е против поднебесните духови на злобата. Љубовта е единствениот лек против злото, а тоа ќе го покажеме доколку со непоколеблива вера, како апостолите и сите богољупци и христољупци во изминативе 20 столетија, ја споделуваме радоста од празниот Христов гроб. Затоа, да застанеме во заедничка молитва за спасение на сите страдални луѓе и на сите што се засегнати од оваа голема несреќа. Да се молиме Бог да им го даде дарот на покајанието и прошката, врз кои се крепи мостот што води кон помирувањето, да си простат и да направат сè заради воскресението.

Уште во првите христијански времиња многумина од нашиот род ги познале вечните и незаменливи евангелски вредности, и таа вера во сепобедното воскресение, во текот на вековите, мнозина ја посведочиле и со сопствената крв, силно верувајќи во Оној што има власт на небото и на земјата12, и преку Кого  „од смртни ‒ постанавме бесмртни“13. Возљубени чеда во Господа, Епохата во која живееме често се претставува како нова, како време во кое старите облици на живеење и традиционалните вредности треба да се заменат со нови. Црквата, пак, мајчински нè поучува дека за нешто навистина да биде ново, тоа треба да ѝ припаѓа на вечноста и да извира од спасоносната тајна на Воскресението. Евангелските вредности и Светиклиментовото наследство, втемелено врз нив, имаат непроменливо и универзално значење, не поради нивната древност сама по себе, туку затоа што ни даваат предвкус за идниот век, приведувајќи нè кон заедницата со воскреснатиот и прославениот Син Божји, Кој ја обнови човечката природа и ја избави од распадливоста и од смртта. Исто така, сведоци сме дека, и покрај сите обиди на светот да се обнови самиот себеси, со посредство на технолошките откритија и човечките мудрувања, тој успева само да направи привид на новото, но не и да воведе некоја суштинска промена. 

Кон нашиот православен народ, пак, еве, и во мир се води војна и продолжуваат непријателствата и негирањата! Затоа, да Го молиме воскреснатиот Господ, да ни ги дарува потребните мудрост и единство, и нам, во Татковината, и насекаде до каде што нè има по светов, за да можеме да се одбраниме од сите што ја порекнуваат македонската посебност и сето она што нам ни припаѓа, или се обидуваат со сомнителни статистики да го намалат, па дури и сосема да го избришат многувековното присуство на Македонците по македонската земја, и во минатото и во сегашноста. Единствениот и вистински Миротворец и Човекољубец, воскреснатиот Господ Исус Христос, да го утврди во нас Својот мир, нека нè упати по патот на покајанието и на добродетелниот живот и нека нè удостои со жителство во вечниот и небесен град ‒ Новиот Ерусалим, таму каде што Тој ќе биде во сите денови, до крајот на светот. Амин“!

Исто така, во сите осумдесеттина македонските православни цркви и манастири во иселеништвото (во дијаспората) пред повеќе стотици илјади православни Македонци од сите делови на Македонија, се оддржаа Велигденски богослужби со желба за недеж, љубов, мир, радост и среќа во животот и надеж за одбрана на македонската вистина и среќна иднината на нивната дедовска земја Македонија.

Значајно е да се одбележи дека Македонската православна црква (МПЦ) игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците надвор од Македонија, особено во прекуокеанските земји. По обновувањето на самостојноста  на  Охридската  архиепископија во 1958 година и на автокефалноста во 1967 година, МПЦ направи силен пробив меѓу бројното македонско иселеништво од сите делови на Македонија во прекуокеанските земји САД, Канада и Австралија, како и меѓу Македонците во денешната Европска унија и во други земји.

1hr13

Денес Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА)  е организирана преку своите епархии: Американско-канадската и Австралиската-македонска православна епархија која беше формирана во 1967 година, а која во 1974 година е поделена на: Американско-канадска и Австралиска епархија, во чија диоцеза денес е и Нов Зеланд, а од 2016 година постои и Сиднејско австралиската епархија Од 1984 година постои и Македонска православна епархија за Европа.

Инаку, Првата инцијатива за Македонската православна црква се роди во Мелбурн, Австралија, во 1956 година. Новоизградениот храм „Свети Ѓорѓи“ е првата МПЦ освете­на од ма­­кедонски владика. Веќе во 1962 година е поставен камен-те­мел­­ник на МПЦ „Свети Петар и Павле“ во Гери – Индијана во САД, а во 1964 го­­­дина на црк­вата „Свети Климент Охридски“ во Торонто, Канада.

Македонските православни цркви во иселеништвото се најзначајните и најмасовните собиралишта на Македонците од сите делови на Македонија. Во тие македонски храмови, покрај богослужбата, слободно се слуша македонскиот збор, мајчиниот јазик донесен од стариот крај. Притоа, македонските православни цркви опстојуваат во дијаспората како несоборлива вистина, како важен фактор во иселеничките средини. Црквите постојат како траен белег, признати се од домашниот фактор и без никакви пречки дејствуваат во средината во која живеат и работат Македонци

Како и другите етнички групи во иселеништвото, македонските доселеници создале повеќе разновидни етнички организации. Тие им даваат чувство на сигурност и станале место за етничко организирање на национален план, градејќи кај нив патриотска верба, љубов и надеж кон својата татковина Македонија

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Најнови вести

To top