На прво место Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Македонска Нација

Македонска Нација

Честит Петковден на сите што го слават!

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост.

Во многу домови во Македонија, Петковден е куќна слава — ден кога се пречекуваат гости, се палат кандилото и свеќата, а срцето се исполнува со мир и благодарност.

Во секој дом што го слави овој празник живее нешто свето, наследено од предците и пренесувано од колено на колено. Куќната слава е и завет да ги чуваме верата, семејството и Македонија, како што ги чувале нашите предци во тешки времиња и низ големи страдања.

Света Петка е симбол на тивката сила на жената, на трпението и надежта. Нејзиниот пример нè потсетува дека и во најтешките мигови треба да ја зачуваме вербата во доброто.

Петковден ни влева утеха дека не сме сами, дека Бог е со нас, а Света Петка се застапува во молитвите за нас и за сите што ги љубиме.

Во време кога секојдневните грижи често нè оддалечуваат од традицијата и духовноста, куќната слава повторно нè собира околу трпезата и нè враќа кон верата, чесноста и семејната блискост.

Кога за Света Петка ќе го прекршиме лебот и ќе ги запалиме кандилото и свеќата, да се сетиме на оние што живеат во нашите молитви и спомени, на мајчината рака, татковиот благослов и детскиот смев што сведочи дека животот продолжува, и да се помолиме за здравје на сите нас, мир во домовите и благослов на Македонија, со сила да ги чуваме наследените вредности и со срце да создаваме нови.

Нека Света Петка ни донесе здравје, љубов и топлина во секој дом, а нашата Македонија нека ја благослови со сплотеност и светлина.

Амин!

Света Петка низ рај шета
Народна песна

Света Петка низ рај шета,
ми ги фати двете раце,
Света Петка по рај шета,
ми ги фати двете нозе.

Света Петка по рај шета,
ми ги ослепе двете очи.
Па ме фати за десна рака,
ме одведе посветена црква,
ми ги пушти мене двете раци.

Ме одведе посветен манастир,
ми ги пушти двете нози.
Ме одведе на посветен камен,
ми ја пушти мојата сила.

Ме одведе посветена вода,
ми ги изми двете очи.

Најново од: На прво место Култура и туризам

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top