Дијаспора

Фестивал на храната во Мелбурн

festival-na-hranata-melburn-1

festival-na-hranata-melburn-1

Со звуците на македонските традиционални инструменти, кавалот, зурлата, гајдата и тапанот започна Македонскиот фестивал на храната во популарниoт Williamstown. Oрганизиран беше и авион кој го вееше големиот банер испишан со Macedonian Food festival. Илјадници посетители со голем интерес ги следеа настапите на фолклорните уметнички друштва кои продефилираа во македонски народни носии и се претставија со најубави македонски ора. Гостите од Сиднеј, КУД Илинден, ги импресионираа посетителите со својот совршен настап, изведувајќи сплетови од Источна и Северна Македонија, Пијанец и Шопска Петорка. Официјално фестивалот го отвори претседателот на Македонско Австралиската Организација, Лидија Нешковска која нагласи дека овој фестивал е од огромно значење за Македонската заедница, а во организацијата се вклучени голем број организации, друштва, ученици, наставници, волонтери без чија помош не би можело да се одржи. Потоа говори одржаа и Конзулот на Република Македонија во Мелбурн, Австралија, Бети Коруновска, Лидија Нарашанова Смилевска, асистент за македонските учители во Австралија, Andrew Elsbury и фудбалската ѕвезда Питер Дајкос.

На повеќе од дваесет штандови се продаваа македонски традиционални јадења, мазиници, кифли, тиганици, тавче гравче, сарма, тулумби и многу други  специјалитети во кои уживаа посетителите.

Инаку Македонскиот фестивал на храната  се одржа под слоганот Македонско и вкусно“ за да се презентира и биде препознатливо и за австралиската заедница.

Ова беше уште една прилика да се отслика македонската традиција, култура, јазик и фолклор, својствени за Македонците каде и да се во светот.

Македонската Заедница во Викторија континуирано презема активности на секое поле и со тоа  допринесува за развој на мултикултурното општество во Австралија како и јакнење на нашиот идентитет како македонска нација.

Гордана Димовска

festival-na-hranata-melburn-2

festival-na-hranata-melburn-3

festival-na-hranata-melburn-4

festival-na-hranata-melburn-5

Најново од: Дијаспора

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

ОМД ги претстави своите нови соработници за меѓународна политика и дипломатија

Алесандра Андраде, Картер Бакли и Стојан Трајаноски ќе ѝ се приклучат на Обединетата македонска дијаспора во текот на есенскиот семестар 2026 година и ќе придонесуваат во областа на меѓународната политика, дипломатијата, истражувањето, комуникациите и соработката со македонската дијаспора. Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство ги претстави тројцата нови практиканти што ќе бидат дел од нејзиниот […]

8 Септември денот на самостојноста на Република Македонија одбележан во Берлин

БЕРЛИН, 8 септември 2026 година На свечен прием во Берлин, организиран од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, а со поддршка од македонски и германски стопанственици, беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Свеченоста се одржа во репрезентативните простории на Претставништвото на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Настанот го […]

Најнови вести

To top