Успешна Традиција
Во организација на Македонскиот Просветно Училишен Одбор на НЈВ, во Сиднеј по шести пат се одржа Натпреварот по рецитирање на македонски јазик за учениците од основните училишта. И оваа година, традиционално, домаќин беше Основното училиште во Карлтон.

Преку сто и седумдесет ученици од македонско потекло рецитираа на чист македонски јазик. Одлично подготвени учениците се трудеа што поубаво да ја изрецитираат својата стихотворба.
Рецитирањето е древна македонска вештина, која се негува во училиштата на македонски јазик во НЈВ. Оваа вештина им овозможува на учениците да ја зголемат својата самодоверба, својата меморија или памтењето, а истовремено и да го надминат стравот од зборување пред други луѓе.
Сите ученици заслужуваат пофалба за вложениот труд, честитки и до вредните наставници кои ги подготвија учениците, а особена пофалба заслужуваата грижливите родители кои најдоа време и во сабота ги донесоа децата на Натпреварот.
Жири комисијата во состав: Иван Трпоски-поет и хроничар, Кире Пашовски–долгогодишен активист и Славица Ристеска–професорка по македонски јазик во СЦ Когра, потврдија дека сите деца заслужуваат пофалба за својот труд, но одлучија оваа година наградите да ги добијат:

Од забавиште
Милена Стојковска од Carlton PS
Stage 1 (6-8 год.)
1. Кристина Савеска од Yagoona PS
2. Тијана Петровска од Carlton PS
3. Никола Петковски од Bankstown PS
Stage 2 (8-10 год.)
1. Дамјан Димовски од „Филип II“ Peakhurst
2. Костадин Игески од MEU „Никола Карев“ Bonnyrigg
3. Тијана Паревска од МЕОU „11-ти Октомври“ Yagoona
Stage 3: (11-13 год.)
1. Алексеј Кочовски од „Климент Охридски“ Rockdale
2. Филип Трифуновски од Carlton PS
3. Христијан Спировски од „Кирил и Методиј“ Shellharbour”
4. Дамјан Стевановски од „Браќа Миладиновци“ Manly Village
Жаклина Михајлова – Учителката