Историја

Проглас на привремената политичка комисија на македонците под Грција

nob-egejska-makedonija

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИМА ПРАВО КАКО СЕКОЈ ДРУГ НАРОД НА СВОЕТО САМООП-РЕДЕЛЕНИЕ. НИЕ ГО ИЗВОЈУВАВМЕ НАШЕТО ПРАВО.

(12 ноември 1944 година)

nob-egejska-makedonijaДо македонскиот народ под Грција,

Б р а ќ а   М а к е д о н ц и,

Еден од најизмачените народи во светот е нашиот. Шес векои чекаме да си сдобиеме слободата, шес векои со пушката во рака учествуваме во сите војни или зедно со други поробени народи или сами, за да скиниме синџирите на робијата ни, и да скршиме тешките пранги шо не остават да станиме и ние като сиот друг свет да си развиеме културата ни и да продолжиме старата ни славна историја.

Народот ни шо даде писмото и културата на триста милиони Славјани, беше осуден да тлее и да угасне, беше казнет да спие рабскиот сон долги години без да има право да види белиот ден на слободата, като да не заслужаваме да живиме и ние слободно, како да сем вечно казнети да бидиме јаболката на раздорот отстаро време, и нашата земја, бога-тата и убава Македонија, да се дава како дар от големите сили на империјалистичките држави на Балканот. Зато во секоја војна шо се водеше на Балканот, Македонија не верваше дека ке можи да се ослободи, знаеше оти постоеше само за туѓи интереси. Турското ропство… имаше осакатено нашата мила земја… Како брилијант светат имината на геројте ИЛИНДЕНЦИ. Добро, ама империјалистите на Балканот угаснаја со крв востанието. Дојде балканската војна и во Версај не разделија меѓу великобугарите и великосрбите и великогрците. Немаше кој да ни поможи и да ни ослужи.

Црниот јарем на грцкио фашизам беше оште потежок и од турцкиот. Многу коски на нашите браќа посипаја грцките острови. Умре Метасксас и со олекната душа чекафме побели дни, ама хитлеристите окупатори попалија нашите села и градој. Требаше да се бориме за слободата ни или да не постоиме во овој свет.

Со полна вера и надежда оти не ке не остават другарите ни Грци од ЕЛАС да се склизниме пак во старата робска келија, влеговме во борбата и три години водевме заедничка борба за истата кауза – да истераме окупаторот и да добиеме правото на самоопределение согласно Атланската карта. После тригодишната борба не само не ни се даде правото да приказваме за самоопределение, ами бојните ни другари од ЕЛАС сакаја да не нападнат и да не безоружат, не објавија како авто-номисти и фашисти и не ни позволија после успехите шо постигнавме да приказваме на вас оти имаме право на самоопределение како шо каза генерал Темпо, преставител на Маршал Тито во говорот на народниот митинг во гр. Битола на 7.11.44 год. …, оти МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИМА ПРАВО КАКО СЕКОЈ ДРУГ НАРОД НА СВОЕТО САМООПРЕДЕЛЕНИЕ.

НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА МУ ПРЕЧИ НА ТОА И ДА ГО ДЕЛИ БЕЗ НЕГОВАТА ВОЛ-ЈА. НИЕ ГО ЗАСЛУЖИВМЕ ТОА ПРАВО СО ТРИГОДИШНАТА ВОЈНА, НИЕ ГО ИЗВОЈУ-ВАВМЕ НАШЕТО ПРАВО. Ние браќа Македонци, не бараме појке от колку заслуживме. Сакаме самите да си ја решиме судбината и да пожнееме плодојте што ги посеавме, со нашите успехи што ги повадивме со нашата крв.

Смрт на фашизмот – Слобода на народот

Од времената политичка комисија

на Македонците под Грција

ДАРМ.Збирка Егејска Македонија во НОБ, ае 271;

Најново од: Историја

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

Мајскиот манифест од 1924 година – повик за обединување и независна Македонија

Мајскиот манифест од 1924 година претставува еден од најзначајните политички документи во историјата на македонското ослободително движење. Во него јасно била поставена целта за обединување на распарчените делови на Македонија и создавање независна и самостојна македонска држава во нејзините природни, географски и етнографски граници. По Балканските војни и Букурешкиот договор од 1913 година, Македонија била […]

Државните граници на Грција и Југославија – „status quo“

Воспоставена власта во Грција и поставена „железната завеса“ на границата кон север По завршувањето на Втората светска војна, 1945 година е карактеристична по многу настани што се случиле во Грција. Особено значајно било потпишувањето на Договорот од Варкиза и преземањето на власта од страна на десницата. Според грчката историографија, 1945 година, особено зимските и пролетните […]

To top