Песни за Македонија

Нов ден

deca begalci2

deca begalci2

И беше тоа многу одамна
Во земја исконска и мила.
Ден денес да се пишува, да се твори,
Да се пее, но доволно не е.
И беше тоа многу одамна
Кога браќа и сестри Македонци заедно биле
Земја библиска, земја Александрова
твоите чеда далеку се сега
копнеат и тажат за огништа стари.
Со векови народот поробен беше
Туѓинци газеја, грабеја, измачуваа
Јазик и име негираа
Она што е твое нивно било
Од мајчини раце деца оттргнати
Во виорот на војните далеку прогонети
Децата,боси и гладни се држат цврсто за рака
трчаат во ноќи црни, итаат некаде во далечен
непознат за нив свет
О каква ли мака!
Зар имаше некој солза што не пушти
Зар имаше надеж дека пак ќе се вратат?
Нивните мајки останаа да патат,
Родното огниште празно и пусто
Мачна историја пише и чека
Еден ден неправди да снема
Ден кога она што е нивно твое ќе биде!
Ден кога сите заедно ќе бидат
И наместо солзи, радост ќе блика
Земјата родна, назад ве вика!

Гордана Димовска

gordana photo
Гордана Димовска

Најново од: Песни за Македонија

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

Песна за Александар Цар Македонски

Се провикна млад Александре, се провикна сред Македонија, та запали коња Букефала, Букефала, коња крилатога. „Слушајте ме, мои верни друзи, мои друзи, силни војводи, тесно ми е во оваа земја, мал е светот за јуначко срце!“ Па подигна силна си војска, нареди ја фаланга камена, со копјата в небо што се бодат, со штитови сонце […]

Црно му било пишано на Александар Турунџев

Црно му било пишано на Александро Турунџе, шеснајсгодишен војвода, на седумнајста го фатија.   Го турија во зандани, во тие тесни долапи, чифте белегзии на раце, и дробен синџир на гуша.   Телеграм дојде од Стамбол за Александар Турунџе, да си ја види невестата и својте дробни дечиња.   Го изведоа на Ат-пазар, му ја […]

Методија Шаторов – Шарло

Песната на Томе Велјановски – Марулецот е посветена на животот, револуционерната дејност и трагичната смрт на Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист, национален деец и борец за признавање на самобитноста на македонскиот народ. Во Прилепа градот, во Ѓогдере Маало,на десеттиот јануарски ден, во 1897 година,Тасејца Шаторова машко дете родила,нункото името Методија му го дал. Порасна […]

Гордана Димовска : Света земја

Ти не си чудо, ти си светлина на светот. Ти си дрво со длабоки корени. Многупати некој ги кршел твоите гранки, удирал и во коренот, но ти сепак имаш некоја сила – не дозволуваш сосем да те уништат. На твоите гранки лисја се веат, шепотат и дење и ноќе. Ги будат другите цветови и тревки, […]

Гордана Димовска : Восклик за Македонија

Од ехото на минатото, низ бури и низ пламен, се раѓаше слободата како никулец од камен. Низ векови на ропство, на поделби и крик, македонскиот народ го чуваше својот лик. И дојде тој септември, тој историски ден, кога сонот на претците беше овековечен. На Осми септември, со гордост во очи, народот силно, со еден глас, […]

Црна се чума зададе

Црна се чума зададе, таму долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Кој ќе се јунак избере чумата да ја пропади? Се избрал јунак, се нашол — млад Делче, млади војвода. Тој појде в Македонија чумата да ја пропади. Црн ми се облак зададе, пак долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Дали […]

Александар Македонски на поаѓање во поход

Александар Македонски на поаѓање во поход Никогаш веќе нема да те видам на чардаците, ниту како наведната собираш летина. Никогаш нема да го чујам клепањето на косата ниту клепањето на воденичкиот камен во реката. Никогаш веќе нема да се вратат ни деновите, ни месеците, ни годините пред куќата, во дворот на чардаците и амбарите. Никогаш […]

To top