Дијаспора

ОМД за првпат назначи Директор за Европа

filip-altiparmakoski

filip-altiparmakoskiОбединетата  македонска  Дијаспора  го  назначи  Филип  Алтипармаковски, нејзиниот  досегашен  претставник  за  Бенелукс,  за  член  на  Бордот  на Директори и Директор за Европа.

“Ми претствува особена чест што сум поканет да станам член на глобалниот Борд  на  ОМД  и  да  станам  Директор  за  Европа.  ОМД  е  единствената македонска  организација  во  странство  којашто  професионално  ги  застапува интересите на македонците ширум светот” изјави Алтипармаковски.  “Земајќи во предвид дека македонската дијаспора е двапати побројна од населението во  Македонија  и  е  еден  од  главните  столбови  на  македонската  економија, македонците ширум Evropa можат да имаат глас во однос на прашањата што ја засегаат татковината преку ОМД.”

ОМД  досега  има  претставници  во  Австрија,  Англија,  Бенелукс,  Германија, Грција, Франција,  и Русија,  а  понатаму  планира да  назначи  претставници  во Швајцарија  и Шведска. Во  улогата  на Директор  за Европа, Алтипармаковски ќе  ги  координира  напорите  за  соодветно  застапување  на  македонците  во Европа пред европските институции во Брисел.

“Како холандски и македонски државјанин со образовна позадина во областа на  меѓународните  односи  и  правото,  Филип  Алтипармаковски  е  идеалниот кандидат  за  застапување  на  нашите  интереси  и  иницијативи  во  Брисел” изјави претседавачот на Бордот на ОМД, Стојан Николов.

Биографија

Филип Алтипармаковски е роден и живеел во Битола.  На осумнаесет година возраст  заминал  на  студии  по  меѓународни  односи  на  Универзитетот  во Утрехт,  Холандија.   Исто  така,  тој  дипломирал  право  на  Универзитетот  во Амстердам,  магистрирал  меѓународно  право  на  Универзитетот  во  Лајден,  а магистрирал и Конфликт Менаџмент на Универзитетот во Брадфорд, Англија.

Алтипармаковски како млад правник има работно искуство во меѓународниот јавен сектор во Хаг и приватниот сектор во Амстердам, каде што моментално и живее.

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top