Историја

Евстати Чаловски – македонски револуционер

evstati-calovski

evstati-calovskiЕвстати Чаловски е македонски револуционер, деец на ВMOPO.

Роден е 1885-та година, во мијачката паланка Галичник, Западна Македонија. Син е на Аврам Чаловски, производител на Кондиторски производи и еден од најуспешните и најпознати индустријалци од македонско етничко потекло во Бугарија во 19. век.

Родот Чаловски и ден денешен има впечатлива улога во македонскиот општествен живот: македонскиот поет Тодор Чаловски, Лилјана Чаловска – писателка, учесничка во НОБ и член на АСНОМ, Јане Чаловски – ликовен уметник и други…

Револуционерната дејност на Евстати започнува кога тој влегува во четата на Максим Ненов, но, откако истата е разбиена на 29 мај 1903 година пребегнува во Бугарија и влегува во врховистичката чета на Сотир Атанасов, со којашто учествува во Илинденското востание во 1903 година., која по неколку битки со турскиот аскер, се распрснува на повеќе страни. Тогаш Евстати Чаловски станува четник при Мише Развигоров.
Пролетта 1904 година влегува одново во Македонија со дебарско-охридските чети на Цветко Христов и Иван Пендаровски, а потоа е четник во реканската чета на Павел Караасанов, за коешто објавува и кратки спомени во списанието „Илустрација Илинден“, подоцна во 1939 година. Подоцна се населува во Бугарија и се занимава со трговија.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година Чаловски се пријавува како доброволец во Македоно-одринското ополчение, заедно со неговиот брат Манол Чаловски, во Првата дебарска дружина. Во Втората балканска војна е ранет два пати, на 18., и веднаш потоа – на 20 јуни 1913 година. Носител е на орден „За храброст“ ІV степен.
Умира на 4 август 1943 година во Софија.

Извори:

„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главна управа на архивите, стр. 795, 2006 г.;
Илустрација Илинден, бр.109, стр. 3-5, 1939 г. ; бр. 149, стр. 14, 1943 г.

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top