Дијаспора

Ќе го измијат ли срамот ЕП и ЕУ со изборите од 22-25 мај 2014?

Јанко ТОМОВ

За новата гарнитура на лидери-европарламентарци ќе има гласање од 22-25  мај 2014 година и да се надеваме дека тие ќе бидат правилните избраници на мирољубивите европски народи, без да има согласност од странство!

Црните работи на европарламентарците од духовен карактер се воочливи, од фактот дека европарламентарците од групата Социјалисти и Демократи на ЕП, дошле во Скопје на 14 февруаруи 2014 за да му помогнат на СДСМ, кој подмукло и дволично сака по секоја цена да има влада на РМ. Во оваа група, која дошла од ЕП да им помогне, спаѓаат: Јоханес Свобода, европарламентарците Кинга Јонч и Ричард Ховит. При тоа Јохан Свобода рекол: “На ЕУ и треба Македонија, а на Македонија и треба демократија”. Тоа значи дека, наводно нема демократија во РМ и тој сака поголемите права да се дадат на тие кои ја кочат демоикратијата и сакаат да доминираат со државата, а се во опозиција или се во албанските партии. Тука се наѕираат контурите за влијание на САД и ЕУ врз овие европарламентарци кои имаат за цел да протурат свои антимакедонски пропаганди, за да се растурат Претседателските и Парламентарните избори во април 2014.

Актуелните лидери на ЕУ не заслужуваат внимание, туку презир. Покрај несовесното водење на ЕУ, која за малку избегна колапс, а посебно негодување и неверување во нивната демократска исправност, поврзано и со недозволувањето за пристапни преговори на Република Македонија и покрај 5-те препораки од ЕП. Очигледно, ЕУ и САД се главните актери за таа тактичка варијанта за доминација во светот, а со цел да се смени уставното име на Македонија и да се избрише македонската националност, за да им го задоволи шовинистичко-фашистичкиот стил на современото владеење на Грција и Бугарија, во однос на Република Македонија.

Зарем не се наѕира историската нетрпеливост помеѓу поедини народи од латинско јазично подрачје, кон народи од Кирилично јазично подрачје на европско тло?! Тоа е несфатливо во 21 век, покрај жителите на поедини Источно- европски народи и суверени држави ќе бидат засегнати милиони корисници на Кириличното -Славјанско јазично писмо, државјани и емигранти во Европа, САД, Канада и Австралија!

На кратко од историска гледна точка, слично се случувало во средновековна област во Европа –Моравија, каде биле нападнати Славјаните староседелци кои почнале да ја користат штотуку создадената писменост за Славјаните во Европа, наречена Словенска писменост од македонските браќа од Византија, Светите Кирил и Методиј. Но, тоа било решено во полза на Славјанството од страна на Римо-католичката црква на Ватикан, при што лично светите браќа го спровеле отпочнатото описменување на тие народи во Моравија. Подоцна пак има извесно влијание врз Словенечкото, Хрватското и Српското население (со Икавски и Екавски дијалекти), од страна на корисници на латинска писменост, со што е истиснато Кириличното писмо, на сметка на Латинското, а Православната вероисповест на тие народи е преиначена во Катаоличка.

Да објаснам по мое мислење, нешто важно за ЕП и за ЕУ. Знаеме дека во Стразбург функционира Европскиот парламент (ЕП), а во Брисел е Европската унија (ЕУ). Тоа е званично, но суштински во Брисел функционираат двете европски тела ЕП и ЕУ! Тоа го открив случано во септември 2013 година, при посета на поедини европски држави од кои и Република Македонија, каде специјално го посетив Брисел, Белгија. Првенствено ја посетивме зградата на ЕУ, каде е сместена Европската Комисија. При самиот влез не известија дека воопшто не примаат странки за посета на оваа зграда и не упатија во другиот дел на градот, каде се наоѓаат комплекс згради во кои се сместени институциите на ЕУ и ЕП.

Беше оклу 15 или 16 часот, од каде се упативме пеш околу 20 минути до комплексот на модерни згради на кои може да се забележат стотици натписи, за што и е наменета таа зграда, со голем број на национални писмени натписи. Тоа претставува почит кон јазиците на европските народи кои официјално се застапени во ЕУ, но го нема македонскиот јазик! Исто така е воочливо истакнување на нивните национални знамиња на 27-те членки на ЕУ.

Кога на рецепцијата побаравме прием со цел разгледување на институциите и запознавање со нивните основни активности и ни беше речено дека е доцна за посета. Идејата ни беше да добиеме повеќе брошури и информативни написи за структурата и активноста на ЕП со своите институции и исто така и на ЕУ, кои беа сместени во големиот комплекс на згради во еден блок. Кога се вратив во Австралија, разлистив некои информации за активноста на европарламентарците при што ми дојдоа извесни сознанија за нивните темни работи. За лидерите на ЕП и на европарламентарците, нема јавни евиденции за нивната корупција, но секако тоа ќе се открие кога-тогаш. Постојат факти, само за 3-ца европратеници дека примиле мито за време на службената активност во ЕУ. Тие изгледа биле аматери и затоа биле откриени!? Еден од нив е европарламентарецот од Словенија, Зоран Талер, кој е осуден од Окружниот суд на Љубљана, Словенија, на 2,5 години затвор. Затворот е многу благ и се однесува за лежење само во време на викенди (сабота и недела) и тоа во домашен притвор. Ако бил осуден три години затвор, во тој случај ќе лежел во затвор, а не во домашен притвор. Исто така Зоран Талер е осуден за да врати 32.250 евра и добил 5 години забрана за извршување на јавна функција, бидејќи е под сомнение дека примал мито во ЕП, како европратеник. Тој бил осуден, бидејќи ставал амандмани на некои законски предлози. Се поставува прашање: зошто ЕУ не го осуди, туку го осуди Окружниот суд во Љубљана?

На 7 март 2014 во “Утрински весник” стои: “Според ГРЕКО парламентарците имаат многу привилегии”. Група против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО) ги анализира корупциите на парламентарците и расчекорот меѓу  регулативата и реалноста, кои биле главна тема. Изгледа само со анализирање е подесена работата! Еве еден цитат од тој материјал: “…”ГРЕКО” тврди дека и покрај законските одредби за пријавувања имоти, конфликт на интереси, примање услуги, подароци и слични привилегии што ги носи функцијата, а кои спаѓаат во графите злоупотреба или поткуп, нивната непримена загрижува”.

Во “Дневник” на 17 март 2014 година стои: “Моќта на табако-лобито во Брисел – (невладини организации ја прозваа ЕУ)”. Се работи за повеќе скандали. Во скандалот на ЕУ, Баросо направил тој скандал да биде сокриен под тепих. Се работи за 13 еврокомесари, 6 од нив го прекршиле правото на комесари кога заминале во приватен сектор, бидејќи не чекале да помине година и половина да мируваат пред да заминат во некоја приватна фирма или да работат како лобисти.

По многу работи поврзани со неводење сметка на меѓународното право и актуелните закони кои се застапени во институциите на ЕУ, изгледа дека повеќето од европратениците имааат слични криминални дела и афери. Што е за нас важно, овој криминалец Зоран Талер, кој  работеше за интересите на Грција, а против уставното име на Македонија, изгледа длабоко му е наполнет џебот!

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top