
Перо Дамчевски Коцин
Длабоко во мојата чесна душа
Светот треба да разбере и слуша
Европа е Македонија.
Зар Македонија, тоа свето име
На оваа библиска земја наша
Постана пазарно и продајно
Без никој да н# нe праша!?
Единствен постанавме народ на оваа планета
На кој му се сечат корени, дамари и крилја,
Од изворот на антиката на земјите од библијата
Со забрането име, јазик и црква
Со анатеми за симболи свети од исконот
За сонцето за лавот за крстот…
Жив и единствен сме народ
Од библиско Свето писмо
Што го бришеле, бришат и ништат
Од сите цивилизациски тефтери
Меѓународни, архиви, институции,
Организации, фондации, корпорации…
Оние кои од нас грабале и заграбиле
Земја, јазик, вера, култура…
Пискотници се слушаат од Галичник до Река
Сердарот е мртов повеќе од два века.
А, децата бегалци талкаат по меридијанот до бескрајот
На македонскиот суров прогон и врелиот огон
Копнеејќи да запловат кон Белото Море, кон Егејот.
Духот на Македон будно над Македонија бдее
Таа земја само име не е, таа земја е и име, и идеал
Таа земја е сонце душа што n% gree.
Македонија е вечна-неуништива,
Македонија, тоа сме ние-народот: тутуноберачите,
Работниците, селаните, печалбарите, гемиџиите
Војниците, учениците, свештениците…
Време е да запловиме кон НАТО и европското јато
Но, не по секоја цена, за утре недајбоже да не смема
Ќе пловиме со кајчито и веслата на рибарот Климе,
Со белите едра исплетени од белите раце на Билјана,
Со јасните погледи од Шара и Грамос од Пелистер
И Кораб до бујниот Пирин и од секој македонски рид
Со белите бисери на древниот наш Охрид.
Сe’ што Македонија раѓа, с# што Македонија дава
Сe’ што Македонија остава, само нам ни припаѓа.