Историја

Заробувањето и маченичкото убиство на водачот на востанието- Карпош (1689 год.)

Smrtta_na_Karpos

Од Дефтердаровата историја

Smrtta_na_Karpos„(Карпош) известен дека монотеистичката војска е близу до споменатото место (се однесува на Крива Паланка, н.б.), ја запалил со оган споменатата паланка и со проклетниците што се ставиле под неговото злосреќно знаме безобзирно избегал; би-дејќи се запрел во паланката којашто отпорано ја подигнал кај Куманово, следниот ден и исламската војска со среќен крај се кренала од тоа место и слегла во местото наречено Куманово. А овој безверен проклетник, поради преголемата пркосна гордост ги дочекал исламските борци, и откако извесно време меѓу двете страни се водела борба и битка (во битката на 15 ноември 1689 г. Карпошевите востаници доживеале силен пораз, н.б.), ос-танатата победоносна војска јуришала од сите страни на бедните проклетници со добросејачките огнофрлачки сабји, бидејќи од главите на бедните непријатели, кои биле мали залаци за острите сабји на предобрите јунаци, поприштето на борбата станало слично на градина од лалиња…и нивното бегство станало очигледно. Откако, благодарејќи на севишниот Алах проклетникот по име Карпош, поразениот старешина, со многубројните пагани бил фатен и окован во пранги, војската навиката на војна за вера и јунаци на газискиот сој јуришале со јуначки напади врз споменатата паланка…

Потоа постојано приоритетната војска ги свртила дизгините спрема Скопје. И бидејќи ајдутските проклетници, кои во споменатата касаба се утврдиле, ја примиле веста, избегале, а пак газиите кои се добрале до победата влегле во Скопје. На скопскиот мост го набиле на кол проклетникот Карпош, кој бил фатен во паланката Куманово…”

Д. Бојаниќ-Лукач, Карпошев покрет и извори за његово изучавање. …, стр.202-204( Прилози);
Документи…,т.И, док.106,  стр.156-157;
Д-р  Иван Алексов

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top