21.IV.1967 г. – утрото во Грција е извршен воен удар, организиран и спроведен од група полковници на грчката армија, познати како “Воена хунта”, според тајниот план “Промитис”. Демократските сили се затечени.
– Повеќе од 100 000 демократски определени граѓани се уапсени и испратени по логори и специјални изолациони центри. Пучот е изведен без никаков отпор. Поголемиот дел од левицата е фатен за само 2 часа.
– Превземени антидемократски мерки од Воената хунта :
Уставот е суспендиран а реактивиран воениот Закон од диктаторот Јоанис Метаксас од 1936 г. ( реактивиран и за Граѓанската војна).
279 Синдикални и прогресивни организации се распуштени.
Забранета е секаква синдикална и демократска активност.
Распуштен е Парламентот и формиран мини Парламент составен од представници на режимот, со советодавни ингеренции.
Забранети се политичките партии и формирани режимски организаци.
Илјадници градоначалници, претседатели и советници на селските општини се отпуштени и нивно место назначени воени лица.
Национализмот, шовинизмот и расизмот добија чудовишни размери. Националистичките пароли се врв на општествениот живот. Во центарот е “Големата идеја “,стара илузија за Византиската империја како грчка(?!) и повик за нејзина обнова.
– Tези : “Грчко-христијанската култура предодредена да владее со (духовниот) светот “( в.”Елевтерос Космос “ , 06.01.1968 г.)
– “ Само со освојување на грчко-христијанската култура, народите ќе можат вистински да се култивираат” (K.Aнтонопулос Елинизмос каи Демократиа, Атина, 11, 336-337).
– “ Оној што не е Грк, е Варварин “, особено користена против македонскиот народ од Егејска Македонија ( Г.Георгалас, О Комунисмос, 61) .
* Македонците според законот се третирани како граѓани од понизок квалитет или од втора категорија
Суспендирани се граѓанските судови а јаканат воените преки судови.
100 000 луѓе затворени , интернирани и подложени на ѕверски измачувања ( горење на кожата со жар, корнење нокти и коса, употреба на клешти за кинење делови од телото, електрични шокови и сл.).
Од работа се отпуштени десетици универзитетски професори, затворени стотици адвокати, научници и писатели.
Распуштени се Сојузот на писатели. Сојузот на новинари и сл. здуженија- совест и глас на јавноста. Во ова цел се забранети и стотици книги од грчки и странски автори.
Забранети се демократски ориентираните весници и списанија .250 новинари се без работа -повеќето интернирани во концентрациони логори и со строг режим на цензура во печатот.
Лидерот на Хунтата Пападопулос забрани објавување во печатот незаконски и нелегални дела извршени од луѓе на режимот. Списокот на забраните е долг.
– Диктаторскиот режим ги има сите елементи на фашизам, па Хунтата се обиде да му даде законски рамки,со прописи слични на Метаксас.
– Со Статутарните акти А и Б суспендирани се основните демократски права и слободи на граѓаните. Со статутарниот акт Д на граѓаните и правните лица забрането им е да се жалат до Државниот совет за злоупотреби од органи на Хунтата.
– Со актот И, обвинети за дела по Чл.1 и 2 од принудниот закон АN 509/47 ( од време на Граѓанската војна) лишени се од грчко државјанство и конфискуван им е имотот. Речиси сите казнети се Македонци, зашто и обвиненијат се за антидржавна дејност за отцепување на грчки територии во соработка со странство.
– Со актот Т прогонети се службеници и граѓани обвинети за нарушување на законот бр. 375 ( идеи насочени против режимот).
– Принудните Закони бр. 2, 4 и 10, ги суспендираа советниците од ЛС, избрани на регуларни избори ,како и кај здруженијата каде се поставуваа режимски луѓе.
– Со принудниот Закон бр. 99 претпријатијата и институциите имаа неограничено право да отпуштаат од работа вработени како и неограниченото право на Министерот за труд да потврдува вакви решенија на работодавците.
– Со статутарниот акт КД/1968 суспендирана е независноста на судската власт.
– Со актот Е се удри по Универзитетот- отпуштања на професори и прогон на службеници кои не се согласуваат со Хунтата.За секој студент се води лично досие.
– Со Чл.114 на студентите им е забрането групно да дебатираат за своите проблеми.
– Најнедемократски закони, режимот носи против печатот, партиите и здруженијата. Законот за синдикално организирање од 18 мај 1971 г. ги укина сите права на вработените.
– Март 1973 г. Хунтата под притисок на меѓународното Биро на трудот носи нов работнички кодекс, но всушност уште повеќе ги ограничи и востановените работнички права.
– Уставот од 1968 г. ги суспендира сите права на граѓаните, признаени од меѓународните конвенции и организации .Граѓанинот веќе не е политичка личност.
– Апологетите на диктатурата за извори на новата идеологија ги користат старогрчката филозофија, римското право, националсоцијализмот и фашизмот ( Г.Георгалас, О Комунисмос, 210). Користејќи ја догмата ја издигнаа и паролата “Грција на Грците-Христијани”.
– Европскиот совет со Решение бр. 2467 од 1969 г. Уставот го окарактеризира како “ фашистичка и чудовишна творба”со цел да му даде правна основа на режимот на Хунтата.
– Режимот формира неофашистичка партија ЕПОК а Грција запаѓа во меѓународна изолација со профашистичката ориентација.
– 1973 год. Хунтата под притисок, ја суспендира монархијата а Грција е Претседателска република, воени лица од владата менува со политички. Нов премиер е Маркезинис, се готви нов Устав и избори.
– Но Хунтата ги обессилува противниците и изолира од кралот како стожер кој може да ги собере. ( в. “То Вима“, 25.X.1972 г.).
– Грција е Претседателска република, под притисок на САД и тамошниот печат. Диктаторски режим во тоа време на САД им е терет.
– Фашистичкиот карактер на Грција и целите се исти. Иако привремено се суспендира воениот закон, во сила се прописите кои даваа “правна основа” за секакви антидемократски мерки.
– Иако се тргна кралот, лидерот на Хунтата полковникот Георги Пападопулос има неограничени ингеренции што го прават- фирер.
Ингеренции на лидерот на Хунтата :
· Назначува 10 % од вкупниот број пратеници во Парламентот.
· Назначува и отпушта Министри на Владата.
· Неограничено и неконтролирано ги раководи надворешната и внатрешната политика.
· Непосредно раководи и командува со Армијата.
· Во секој момент може да интервенира против секакво движење. И мн. други.
– Но со време, односите СССР – САД се релаксираат. Хунтата за да се оддржи прави нови отстапки. Крит станува најголема нуклеарна база на НАТО а вакви инсталации има и близу Атина. САД можат да складираат нуклеарно оружје каде сакаат.
– Во Пиреј се инсталира уште една база на VI американска флота.( Г. Георгалас, Пириники Еирини, Атина, 1970, 284-285).
– Грција според институтите за стратегиски истражувања, во 1972 год. е на 4 место по САД, В. Британија и Португалија во однос процентот национален доход вложен за воени расходи.
– Ноември 1973 год. – масовно движење во Атина ,Солун и др. градови со борбени манифестации на младината, особено Политехничкиот факултет во Атина. Првите два дена власта изолира 685 лица а потоа уште повеќе.
– 25.XI.1973 год. – Економската криза носи контрапреврат. Но Грчкото општество е неспремно за демократизација, на местото од диктаторот Пападопулос доаѓа нов- полковникот Јоанидис. Хунтата останува на власт, само друга е групата.
– Јоанидис ги заострува диктаторските и фашистички мерки. Ги враќа воениот закон, воените судови, апси и интернира, застрашува и тероризира.