Дијаспора

Од патувањата низ Бугарија (2)

slave-katin

slave-katin

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА” ОД СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН
ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА

ВО НАЈГОЛЕМИОТ ПИРИНСКИ ГРАД – БЛАГОЕВГРАД

За голема жал и човеков страм, бугарската влада одбива да признае постоење на македонско малцинство во Пиринска Македонија и продолжува да ги крши основните човекови права. Членовите и симпатизерите на ОМО„Илинден“ – ПИРИН, политичка партија и организација за човекови права и ОМО Илинден, организација за човекови и малцински права се малтретирани, тепани, казнувани, па дури и затворани, едноставно за прогласување на својот македонски идентитет.

Причината за упорното негирање на Македонците во Бугарија доаѓа од бугарската националистичка догма дека нема, не може и не треба да има Македонци. Меѓутоа, вистината е друга не само со пописот, туку и со вистинското постоење на народот. Затоа ние сакавме да се увериме, да го потврдиме тоа и да ги информираме читателите за дел од вистина на Пиринска Македонија. Така,во утринските часови на едно ноемвриско утро, тргнавме кон Горна Џумаја, денешен Благоевград. Во далечината горделиво се издигаше Пирин, убавецот и највисоката од сите планини во Македонија. Чиниш со раце ќе ја допреш славната планина на Јане Сандански за која се врзани безброј легенди на Македонците од овој крај.

Под Пирин Планина, во рамниот простор што реката Струма го дели на два дела, се вгнездил градот Благоевград (порано Горна Џумаја). Бргу се спуштивме низ густата шума на патот за Благоевград. Овде-онде среќававме по некој автомобил и трактор. Влеговме во градот и откај автопатот што води кон Софија се упативме по улицата која води во центарот на градот, каде што е подигнат споменикот на Гоце Делчев, големиот македонски син, кој за жал, неправедно и грубо, во пиринскиот дел на Македонија, од страна на Бугарите, се прикажува како борец на бугарскиот народ. Но, бугарските националисти ќе го поставеле споменикот на Гоце Делчев во Варна, ако бил Бугарин, туку го поставиле во Благоевград, во Пиринска Македонија, бидејќи бил Македонец.

Со чувство на непријатност, подзатскривајќи се, направивме неколку фотографии од споменикот на Гоце Делчев и се упативме на спротивната страна од паркот, од кај реката во тесната уличка, каде што живее еден наш роднина роден во Воден, во егејскиот дел на Македонија, а бил донесен во Бугарија заедно со уште многу илјади Македонци, кои како стебла беа откорнати од родната грутка и преселени со грчко – бугарскиот договор за размена на пограничното население од дваесеттите години на минатиот век.
Лесно ја пронајдовме куќата и влеговме во дворот. Нашиот роднина е црномурест, со крупни веѓи натежнати над очите од кои зрачи пријателство, светлина, тага… Тој е со карактеристични црти на лицето на кое времето оставило трајни белези. Поради својата национална определеност како Македонец немал успеси во животот во Бугарија, но тоа не ја променило неговата определба во врска со националното прашање. Кога се сретнавме почна да нѐ гушка и да плаче од радост. Ни збор не можеше да прозбори од возбуда. Седна и со внимание нѐ слушаше за сѐ што му кажувавме.

Инаку, како старец, изнемоштен, со мала пензија и во тешки услови за живот, тој бил учесник во културно-просветната дејност кога по Втората светка војна во пиринскиот дел на Македонија беа отворени македонските училишта, книжарници, весници. Ни раскажуваше за минатото, за тешкиот живот, за својата тага која, како што рече тој, е голема како Пирин Планина. Кај него, веројатно, носталгијата беше поизразена, така што постојано ни зборуваше за својот роден град Воден. За жал, откако го прогониле од родната земја, никогаш повеќе не го видел родното место и гробовите на своите предци. Неговата тага беше уште поголема што не се здобил со национална слобода, но беше горд што останал Македонец. Ја чуваше личната карта од времето кога во Бугарија беа признати правата на Македонците и кога во документите можеше да се напише дека по националност е Македонец.

Со тага се разделивме со нашиот роднина, а потоа го продолживме нашето патување кон градот Симитли, кон Разлог и Банско. Патот што води кон исток се искачува долж реката Елвица, која извира од северните падини на Пирин Планина и се слива во Струма. Патот е тесен, асфалтиран, но не многу пријатен за возење. Меѓутоа, живописната природа: брзата река, високите букови шуми и прекрасните елки што се издигаат над голем број падинки вдолж патот, го тераат човека да заборави сѐ што се случува во не многу контролиран сообраќај.

Брзо стасавме до планинскиот превој наречен Предел кој се наоѓа на 24 километри источно од Симитли, а 12 километри западно од Разлог, на надморска височина од 1.140 метри. Тоа е пријатно планинско катче за одмор и рекреација и е тесно врзано со историјата на македонскиот народ. Имено, во непосредна близина на Предел, во правец на Симитли, на 16 септември 1901 година, четата на големиот и славен пирински цар Јане Сандански ја грабна американската мисионерка Мис Стон, за која доби богат откуп за купување оружје. Во таа борба за слобода на Македонија легендарниот војвода Сандански рекол: „Ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други тирани, па ни со бугарски тирани и бугарски кнезови. Македонија треба да стане автономна, независна, слободна држава и да биде на Македонците“.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top