Дијаспора

Од патувањата низ Бугарија (3)

slave-katin

slave-katin

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА” ОД СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН
ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА

ВО ГРАДОТ НА ВАПЦАРОВ

Целта на нашето патување беше градот Разлог кој го посетивме во делник напладне, кога летото се чувствуваше со сета силина и убавина. Затоа, во градот владееше мртвило: многу продавници беа затворени. Седнавме во еден ресторан за да го почувствуваме мирисот на пиринската кујна. Од кога се нагостивме, направивме куса кружна прошетка низ градот и се упативме кон Банско.

Банско е сместено на јужната страна на Разлошката Котлина под падините на Пирин Планина. Распослано е на двете страни на реката Глазне. За првпат се спомнува во турски документ од 1576 година, а силен растеж и процут доживеал во втората половина на XVIII век, кога станал познат трговски центар за тој дел на Македонија. Караваните на банскалиите, како што обично ги нарекувале жителите на ова питомо место, секојдневно тргнувале кон Белград, Дубровник, Виена, носејќи го надалеку познатиот по квалитет бански тутун. Исто така, афионот стигнувал до европските пазари. Меѓутоа, за тоа време особено на добар глас биле предметите изработени од дрвјата од витите стебла на белиот и црниот бор што виреат на просторите на убавата, богата и висока Пирин Планина.

Македонците од Банско по многу нешта се специфични луѓе, со особено задоволство ќе ви говорат за Банско и Пирин, за богатствата што им ги оставила историјата. За она што нивните предци го вградиле во македонската национална историја. Горди се поради тоа што во последната деценија на XIX век, или поточно во 1896 година, во Банско допатувал Гоце Делчев како учител на македонските деца.
Беше пладне кога пристигнавме на широкиот плоштад во Банско. Десно е Културниот дом, а до него нанижани неколку продавници и кафеани во стилот на старата банска архитектура. Градени се, главно, од камен. Лево е куќата на Елена и Јонко Вапцарови, во која детството и дел од младоста поминал големиот македонски, бугарски и интернационален поет Никола Јонков Вапцаров. Предниот дел е претворен во музеј. На мермерната плоча, поставена на споменикот, забележани се зборовите изречени од големиот поет: „Да умреш кога земјата се дели од својата вемла, кога милиони се раѓаат… тоа е чест, да, тоа е чест…“ И од бронзата извира питом поглед и поетски жар. Се поклонуваме пред споменикот на Вапцаров. Перчето бујна руса коса му паѓа врз слепоочницата на овој интернационален поет и чиниш поигрува галено од питомото ветре што се задава откај врвовите на Пирин.

Музејската поставка во куќата-музеј впечатливо говори за животот на поетот, за неговото творештво и за трагичниот крај во тунелите на софиското стрелиште, откако претходно беше осуден на смрт со стрелање, заедно со неговите сонародници, соoбраќа и соборци, македонските патриоти Антон Попов и Атанас Романов. Се присетивме на средбата со неговата мајка Елена. Како тогаш да ги слушнавме нејзините зборови во кои беше измешана и тагата и радоста. Црната шамија ѝ ги скриваше белите коси, а длабоко од неа извираше гордоста што е мајка на такво чедо.

Ја напуштивме куќата музеј на Вапцаров и кинисавме да чекориме по калдрмисаните улички на Банско. Во ова пиринско-македонско планинско гратче, куќите се градски, убави, молерисани со млечно бела боја, а луѓето се љубезни, горделиви, разговорливи и мошне пријатни. Слушнавме дека семејното гнездо е свето катче, а чесноста е нивната одлика. Тие бесконечно ги почитуваат белезите на традицијата и своите корени, а со посебно чувство го негуваат македонско-пиринскиот фолклор. Песната и песнопојноста им е знак за распознавање меѓу Пиринците…

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top