Историја

Ферман на Султан Махмуд II за укинување на јаничарската војска

sultan mahmud ii-g

(Цариград, 9 ноември 1826 год.)

sultan mahmud ii-g

„До уважените везири, славни мушири и други власти на Румелија… Кога ќе стигне високиотцарски знак нека се знае:

Бидејќи за отпор против непријателите на верата беше неопходно постоењето на муслиманска војска и правоверни борци, вечната отоманска држава порано го создаде јаничарскиот оџак и во минатите времиња јаничарските војници, во војните што ги водеа, дочекувајќи го непријателот со своитегради, пројавуваа цврстина и издржливост и на прво место, поради нивната покорност и послушност, се постигнаа толку многу освојувања. Меѓутоа, постепено во нив се јавија неприлични појави и различни расипаности, така што некогашната дисциплина и послушност се претворија во непокорност и непослушност. Од сто години наваму, во војните во кои учествуваа, јаничарите пројавуваа разни лаги и бесмислени изговори, срамно бегаа од борбитеи со тоа стануваа причина многу тврдини и градови да преминат во рацете на неверниците… постепено ги зголемуваа своите претензии и барања и положбата се влошуваше од ден на ден, па дојде до степен да бидеме опкружени од четирите страни со непријатели -неверници. Поради тоа, станува неопходна должност и ние, вооружени со исламски патриотизам, да бараме лек за да ја одбраниме нашата вера и да ги победиме непријателите…. затоа по свршувањето на војната… (1878 год., н.б.) и подоцна, мораше да се преземе иницијатива за да се создаде обучена и извежбана војска, но јаничарите, самите неупотребливи, и „овие ги нејќеме” (новите војници) подигнаа бунт, па устроениот систем се укина. Освен тоа, со нивните чести бунтови (јани-чарите, н.б) станаа причина да загинат неколку султани што вредеа колку целиот свет. При сето тоа на нив се гледаше како на стара институција и не стана прашање за нивното укинување. Затоа веќе тие си создадоа обичај: ако сакаат-слушаат, ако не сакаат – прават бунт и колку да ги трпиме и поднесуваме меѓу нас, од тоа нема полза. …

…Но, толпата на разбојниците остана упорна во своите недела против верата и државата и тргна да ја уништи Мухамедовата држава и да изгази толку правоверни, деца и жени, што сето тоа било во полза на непријателите на верата. Бидејќи за оваа дрскост и една толку голема гадост според прописите на светиот закон беше нужно да се пролее крвта на виновниците, се испрати војска против нив и благодарение на поразувачката сила на великиот бог… нивната веднаш се распадна и уништи, нивните ка-сарни се запалија и накрајот ги предаде бог на мечот на законот, каде што ја најдоа казната за своите недела… установено е дека и некои расипани подбуцнувачи, припадници на јаничарскиот оџак, неблагодарни на државата и на државниот леб се здружиле со спомнатите разбојници и самиот бунт бил организиран од нив. Сите тие се фатени и се казнети според законот. Фатени се и други професионални разбојници па и врз нив ќе се изврши казната…

Поради тоа, собрани под своето знаме, во светата џамија на Султан Ахмеда: високи везири, Шеих-улислам, сите бивши велики везири, мули, улеми…, врз основа на прописите на Мухамеддовиот закон, едногласно решија, за да се поправи положбата, името на оџакот да се измени и нивната уредба да се обнови во друга форма; во иднина името јаничарско се брише. На негово место да се создаде војска од обични војници под името „победоносна Мухамедова војска”…

Главната команда на оваа обучена победоносна Мухамедова војска со автономна власт да му се довери на гувернер на румелиската страна на црноморскиот проток уважениот везир… Хусеин паша; седиштето да му биде јаничарската команда и да се измени иметона јаничарската команда… „сераскер-паша капшуси” (воен штаб-управа на главниот конмандант, н.б.)… Да се укинат звањата: ага на јаничарите, ага….

…Според тоа… да се грижите и да побрзате содржината на мојот царски ферман да се објави и да се разгласи меѓу сите, зборот „јаничарство” отсега натаму никој да не го зема во уста… за секаков пропуст или лабавост во овој однос… на виновниците ќе им дојде до ак и казните ќе им се извршат без одлагање…”     

Д-р Иван Алексов

СТРАНСКИТЕ ПАТЕПИСЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Турски документи за македонската

историја…, т. IV,стр. 119-122;

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top