На прво место

ВМРО-ДПМНЕ е целосно подготвено за избори кога и да се случат

Македонска Нација

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ порача дека ВМРО-ДПМНЕ е целосно подготвено за избори кога и да се случат, потенцирајќи дека анкетите покажуваат силна доверба од граѓаните кон партијата и Владата.

Митева истакна дека Владата располага со стабилно парламентарно мнозинство и е фокусирана на реализација на владината програма, реформите и инвестициите кои се ветени пред граѓаните.

„Ако го гледаме теснопартискиот интерес, можеби веќе утре би имале избори, затоа што анкетите покажуваат несомнена доверба во ВМРО-ДПМНЕ. Но, ако го гледаме државниот интерес, сметаме дека државата не треба повторно да се воведува во изборен циклус кој ќе одземе време и финансиски средства“, истакна Митева.

Таа нагласи дека ова е година на сериозни инвестиции и реформи и дека Владата останува посветена на реализација на проектите во интерес на граѓаните.

Во однос на опозициската СДС, Митева оцени дека партијата се соочува со сериозна идентитетска криза, кадровска неподготвеност и недостаток на визија и програма.

„Во СДС е очигледна паниката околу можноста за предвремени избори. Не поддржаа укинување на техничката влада, иако претходно тоа го бараа. Излегуваат од работни групи за реформски закони, а истовремено држат прес-конференции дека се за Европската Унија и европска Македонија“, посочи Митева.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ останува стабилна и подготвена политичка сила, без разлика кога ќе се одржат изборите.

Најново од: На прво место

СДС и Филипче подготвени терминот „македонски“ да го заменат со „северномакедонски“

Политиките што ги започна Зоран Заев со бришењето на терминот „македонски“ од институции, документи и јавниот дискурс, денес продолжуваат преку неговиот наследник во СДС, Венко Филипче, кој, според критиките од јавноста, е подготвен целосно да го прифати наметнувањето на терминот „северномакедонски“. Во изминатите години, јавноста беше сведок на промени на имиња на институции, организации и […]

Ислам Абази наместо борец против криминалот, стана заштитник на криминалците

Ислам Абази, како шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, наместо да се бори против организираниот криминал и корупцијата, се претвори во џелат на правдата и заштитник на криминалците блиски до СДС и ДУИ. Затворањето на постапката за случајот „Мазут“, во кој постојат сериозни сомнежи за криминал тежок 167 милиони евра, претставува скандал […]

Врхушката на СДС не покажува ниту минимум чувство за национална одговорност!

Никаде во светот нема пример опозиција свесно да застане зад услови и уцени што директно удираат врз сопствениот народ, идентитет, историја и достоинство. Токму тоа денес го прави СДС. Наместо да застанат зад Македонија, врвот на СДС застана зад туѓите барања. Наместо јасно да кажат дека европскиот пат не смее да биде условен со бришење […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за политичкиот прогон на Заев, сега брани обвинители и функционери блиски до нивната власт

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на СДС, посочувајќи дека токму во времето на владеењето на СДС постоеле сериозни сведоштва за политички влијанија врз обвинителството и судството. Според партијата, обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО јавно сведочела дека Зоран Заев и Радмила Шеќеринска навечер оделе во канцелариите на СЈО и на обвинителите Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски, Фатиме […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев бришеше „македонски“ од институциите, Филипче е подготвен да го доврши бришењето на македонскиот идентитет

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ и лидерот Венко Филипче продолжуваат со политики кои, според партијата, се насочени кон поткопување на македонскиот национален идентитет и државните интереси. Од партијата велат дека процесот започнал за време на владеењето на Зоран Заев, а сега, како што наведуваат, Филипче е подготвен „да го доврши бришењето на сè што е македонско“. […]

Голем удар против грчката пропаганда во егејскиот дел на Македонија

ИСТОРИСКИOT ПРИРАЧНИК ПРОТИВ ГОЛЕМОГРЧКАТА ПРОПАГАНДА НАМЕНЕТ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГEЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ОД АВТОРОТ АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ ОБЈАВЕН И НА ГРЧКИ ЈАЗИК! Пред извесно време МН објави информација за објавување на ИСТОРИСКИ ПРИРАЧНИК ПРОТИВ ГОЛЕМОГРЧКАТА ПРОПАГАНДА НАМЕНЕТ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГEЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА од авторот Александар Донски. Книгата во електронски pdf формат е објавена […]

Правдата во Македонија уште еднаш е ставена во служба на СДС и ДУИ

За време на седумгодишното владеење, СДС и ДУИ го исполниле правосудниот систем со свои кадри и послушници, кои наместо по закон, носат одлуки во корист на поединци блиски до власта. Од ВМРО-ДПМНЕ ја оценуваат како скандалозна одлуката на ЈО ГОКК, под раководство на Ислам Абази, да ја стопира постапката за, како што велат, криминал тежок […]

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е „сервилен слуга“ на Зоран Заев

СДС и Венко Филипче во едни соопштенија упатуваат обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ за србофилство, а во други за бугарофилство, додека во исто време, како што наведуваат од партијата, Зоран Заев и Венко Филипче поседуваат документи за престој и златни визи од Дубаи. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Венко Филипче е „сервилен слуга“ на Зоран Заев, а дека […]

To top