Историја

70 години од АСНОМ

manastir-prohor-pcinski-600x320

manastir-prohor-pcinski-600x320

Првото заседание на АСНОМ претставува државно конституирање на македонскиот народ и народностите во Македонија. На него се донесени повеќе решенија, меѓу кои се решението за конституирање на антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија АСНОМ во врховно законодавство и исполнително тело на Македонија и заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, решение за донесување декларација за основните права на граѓаните во демократска Македонија.

Во есента 1943 година беше формиран Иницијативен одбор за подготовка за создавање на АСНОМ. Во март 1944 Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ донесе одлука за избор на градски, селски, околиски и окружни народноослободителни одбори, како и за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ.

Во писмото на Иницијативниот одбор (од 14 март 1944) се укажува дека кандидатите за собранието без оглед на нивната верска или политичка припадност треба да бидат луѓе што на дело ја покажале преданоста кон НОБ, што се согласуваат со политичката концепција изложена во манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, од октомври 1943 година.

Во пролетта и летото 1944 година во Македонија се одржаа селски, градски и окружни конференции на кои се избрани раководствата на органите на народната власт на повеќе од 500 народноослободителни одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ.

На 2 август 1944 во манастирот Прохор Пчињски, почна Првото заседание на АСНОМ за кое беа избрани 116 длегати… На Заседанието е избран Президиум во состав: претседател Методија Андонов-Ченто, и двајца потпретседатели – Панко Брашнаров и Мане Чучков и 18 членови, од кои два секретара – Љупчо Арсов и Владо Полежина, потоа претставници од Македонија за АВНОЈ, како и повеќе помошни тела на Президиумот.

Заседанието на АСНОМ за својата работа објави прокламација до македонскиот народ, во која, меѓу другото, стои: „Од тешките борби и пролеаната крв на најдобрите македонски синови излегува денеска првото народно собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет… Вековниот идеал на македонскиот народ се постигна.

Заседанието на АСНОМ претставуваше потврда за постигнатите политички цели, а едновремено и повик за општа мобилизација на македонскиот народ и народностите за конечна победа – за истерување на окупаторите.

Со Првото заседание на АСНОМ како врвно достигнување на НОБ на Македонија се обележува почетокот на постоењето на Социјалистичка Република Македонија во федерација со југословенските народи… На 28 декември 1944 година во Скопје во ослободена Македонија започна со работа првото вонредно заседание на АСНОМ, познато како Второ заседание.

Президиумот на АСНОМ по Првото заседание ја презеде грижата околу развитокот на културата и просветата. Така, уште пред Македонија да биде ослободена, се организира широка мрежа училишта од различен вид и различен степен. Потоа се донесе решение основната настава да трае седум години, а средната – пет. Беа разгледувани и можностите за формирање на некои институти. Се преземаат мерки за отворање гимназии во Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.

На 1 декември 1944 Президиумот на АСНОМ решава во Скопје да се организира музичка академија, уметничка и учителска школа и други средни школи… По ослободувањето на Скопје, во декември 1944, се организира посебна офицерска школа за усовршување на старешинскиот кадар… Во овој период се раѓа првата повоената генерација македонски поети и писатели, ликовни и музички уметници.

Во почетокот на есента 1944 година, културно-просветната група “Кочо Рацин” создава јака театарска група и дава драмски претстави во џамијата во село Горно Врановци. По ослободувањето на Скопје, во културно-просветната група “Кочо Рацин” од составот на единиците се вклучуваат извесен број сртисти кои почнуваат да градат професионален македонски народен театар со драма, опера и нешто подоцна балет… Во октомври 1944 година во Врановци се формира машки хор при Главниот штаб, кој по ослободувањето израсна во хор на Армијата во Скопје… Во октомври 1994 село Горно Врановци станува место каде што се воспоставува повоената македонска наука, култура и уметност.

Извор: (“Историја на македонскиот народ”- Александар Стојановски, Иван Катарџиев, Данчо Зографски, Михаило Апостолски). 

Ставре Џиков-СВЕТИ ПРОХОР ПЧИНСКИ; Скопје, 2000.

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top