Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (6 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

И авторот Шон Шехан во својата цитирана книга пишува дека Миноанците не биле никакви Грци. На стр. 41 од неговата книга читаме:

“Миноанците биле основачи на најраното напредно општество во Европа, кое постоело околу 2200 година пред Христа.  Тие не биле Грци, но имале витално влијание врз Микенската цивилзиација”. (На англиски: “Тхе Миноанс њере тхе фоундерс оф тхе еарлиест адванцед социетѕ ин Еуропе, њхицх девелопед ароунд 2200 БЦ. Тхеѕ њере нот Греекс, бут тхеѕ хад а витал инфлуенце оф Мѕцениан цивилизатион”.

Гледаме дека овде авторот коректно ја презентирал историската вистина.

На стр. 61, заедно со географската карта на Балканот од времето на антиката, читаме:

“Грција била создадена од бројни мали држави, сите независни, но поврзани со грчкиот јазик и грчката култура. Тракија, чиј дел денес се наоѓа во современа Грција, не била грчка, додека Македонија била сметана како заостанат и далечен дел од грчкиот свет”. (На англиски: “Грееце цонсистед оф а нумбер оф смалл статес, алл индепендент, бут линкед бѕ тхе Греек лангуаге анд Греек цултуре. Тхраце, парт оф њхицх ис ноњ ин модерн Грееце, њас нот Греек анд Мацедон њас регардед ас а бацкњард, дистант парт оф Греек њорлд”).

Овој автор не успеал да се ослободи од предрасудите дека Македонија и Македонците пред взаемното мешање на културите, немале ништо заедничко со Грците и за ова  веќе наведовме поголем број докази и тоа токму од антички автори.

И авторот Бари Сонлиф, во својата книга (цит. дело) на неколку места ја спомнува Грција во антиката, иако таква држава, а ни земја, тогаш не постоела.

Во продолжение ќе наведеме некои податоци во врска со разликите помеѓу античките Македонци и Грци.

Најнапред ќе се задржиме на една заблуда што ја шири големогрчката пропаганда. Честопати грчките пропагандисти тврдат дека најголем доказ според кој Александар Македонски наводно бил Грк, бил фактот што нему му било дозволено да учествува на Олимписките игри, на кои, било дозволено да учествуваат само Грците. Меѓутоа, историските податоци ни зборуваат дека учеството на Олимписките игри на Александар Први (предокот на Александар Велики Македонски) воопшто не одело така лесно и било допуштено дури по неговото упорно инсистирање и тоа со строго ограничување, според кое, само македонските кралеви можеле да учествуваат на Олимписките игри, додека нивниот народ (Македонците) и натаму останале да бидат третирани како инаков народ (варвари).

Од друга страна и на Александар Први Македонски целта му била што повеќе да биде присутен во грчкиот свет, иако соработувал и со Персија. Неговата сестра била мажена за висок персиски достоинственик, поради што, за време на грчко-персиските војни, Александар Први играл улога на преговарач меѓу завојуваните страни (што е детално опишано кај Херодот), кој бил, ту на едната, ту на другата страна. Дури отпрвин тој бил на страната на Персијанците, но ноќта пред битката помеѓу Перисјанците и Грците кај Платеја, тој наеднаш се свртел на страната на Грците и поради тоа го добил прекарот “Филхелен” (љубител на Хелените), што исто така сосема јасно зборува дека тој не бил никаков “Хелен”, туку странец кој ги почитувал Хелените.

Впрочем, Херодот пишува дека уште неговиот татко Аминта од страна на Персијанците сосема јасно бил нарекуван како – Македонец, а и самиот Александар Први, во една прилика рекол дека е Македонец. 

Освен непостоечката етничка врска помеѓу Македонците и Грците, некои антички Македонци (поради горенаведените причини) тогаш сметале дека постои митолошка врска помеѓу нив и Грците. Во ова посебно се истакнувале Филип и Александар Македонски, кои, честопати изјавувале дека Македонците биле потомци на Херакле (кој, всушност, претставува митска личност).

Но, и ова нивно тврдење било негирано од Грците.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top