Историја

Поп Ставрева афера

pop-stavreva-afera

pop-stavreva-afera

Битолската провала (позната и како Поп-Ставрева афера) од 1900 година е една од поголемите афери со кои се соочила Македонската револуционерна организација, а последиците од неа биле значителни, голем дел од истакнатите раководители биле уапсени и затворени, а тоа влијаело врз организациската дејност. Оваа провала била резултат на предавството на поп Ставре, кој одбивајќи да ги вложи во касата на Организацијата бараните 30 лири прилог, случајот го пријавил во полицијата. Ваквиот чин на предавство бил осуден од Организацијата, а поп Ставре набрзо бил погубен од Битолскиот комитет.

Поп Ставре бил Пелагониски егзархиски архиерејски заменик и спаѓал во групата егзархиски великодостојници кои имале непријателски став кон целите и дејствувањето на Македонската револуционерна организација.

Затоа можеби била грешка што во акцијата за собирање материјални прилози за Организацијата од побогатите битолски граѓани, била побарана парична сума и од овој егзархиски свештеник.

Непријателски настроен кон целите на ТМОРО и навреден од уценувачката постапка на Комитетот, поп Ставре лично ја известил вилаетската власт за комитската уцена. Се смета дека на тој гест бил осоколен од неговиот сват, Влавот Таки Чона, познат османски шпион, кој веројатно му ги понудил своите услуги за незабележано известување на власта.
Известувајќи ги властите за денот кога човекот од Окружниот комитет ќе дојде да му ја достави расписката за бараните пари, поп Ставре се скрил, како сомнението за предавството не би паднало врз него.

Со полициската операција раководел познатиот битолски главен полицаец Саид Ефенди со помош на Таки Чона. Во договореното време емисарот на Окружниот комитет, Трифун Иванов, пристигнал во куќата на Ставрета, но, како што наведовме, свештеникот бил некаде скриен.
Откако ја напуштил поп-Ставревата куќа, Трифун Иванов бил следен од агентите и полицијата.

Во текот на гонењето тој успеал да се ослободи од расписката, така што кога бил фатен кај него пронашле само кама. Дознавајќи за предавството, Окружниот комитет свикал вонредна седница на која поп Ставре бил осуден на смрт.

За извршување на пресудата биле определени: Трајко Петрев, Глигор Димев и Петар Георгиев. Во утринските часови, на 17 август 1900 година со револверски истрел, пред тремот на црквата Св. Богородица во Битола, бил убиен поп Ставре.

Всушност, на самиот чин на атентатот, поп Ставре бил само тешко ранет, а нешто подоцна подлегнал на раните. Чувствувајќи дека ослободувањето на Македонија не е негово, туку туѓо дело, зашто се косело со бугарската пропаганда во Македонија, поп Ставре како морални убијци ги посочил Даме Груев и Тодор Луканов (Михаил Герџиков).
Убиството на овој егзархиски свештеник повлекло серија апсења на припадници на ТМОРО. Така, веднаш по извршениот атентат започнале и апсења на сомнителни лица. До 21 август (стар стил) 1900 година во долапите на истражниот затвор се нашле околу 42 лица.

Меѓу првите бил уапсен Нале Павлев, анџија во Битола, по потекло од с. Смилево, братучед на Даме Груев. Во анот на Павлев нелегално престојувал цели 40 дена уапсениот Трифун Иванов.

На 18 август во Смилево бил уапсен Груев и доведен во Битолскиот истражен затвор. Во домот на уапсениот Пенџерков, властите пронашле 4 берданки. Меѓу уапсените се нашол и учителот Христо Иванов кој примал плата и од Егзархијата и од Српскиот конзулат во Битола. Плашејќи се од поголеми реакции, во тие пресудни денови, власта го ангажирала аскерот, да ги контролира битолските маала – Јени и Баир.

По извесно време, над половина од уапсените биле ослободени. Во февруари 1901 година пред Битолскиот суд биле изведени:

1. Трајко од Баир дека го убил во содејство на Глигор Димев, Перо Димев и Петар Георгиев, главниот свештеник на бугарската црква, попот Ставре, кој откажал да даде пари на Комитетот, откако за тоа и` јавил на власта;2.    Ристе Талев, Боше Нечов, Ристе Талев-анџија, Лазар Јовчев, Никола Стојков, Спиро Костов, браќата Петар и Ѓорѓи Попеви, Михаил Наумов, Ѓорѓи Најдов, учителите – Васил Димитров, Стефан Илиев и Дамјан Груев, – Трифун Иванов, Нале Павлев, Јанаки Штерјов, Ефрем Ризов и избеганиот Тодор Луканов (Герџиков), кои сочинувале еден револуционерен комитет кој имал за цел да го подигне населението во државата кон бунт и дека го казнувал со смрт секој оној што се спротивставувал. Како што наведува д-р Димитар Димески, споменатото обвинение било базирано на признанието на Гице (Глигор) Димев. Покрај тоа, од Серското командантство бил доставен фатен комитски устав и лист во кој бил споменат Даме Груев како член на Комитетот, кое го потврдил и Г. Димев во истражната постапка.

Панорама на Битола од КркардашСудскиот процес на обвинетите во врска со Попставревата провала се одржал во текот на месец март 1901 година во Битола. Во текот на судењето обвинетите се држеле достоинствено, ништо не признале и ги негирале сите признанија од истражната постапка. Дури и Трајко Петков кој пукал во поп Ставре и кој бил идентификуван од ранетиот, одрекувал било каква поврзаност со тој чин.

Од вкупно 22 обвинети, 12 биле осудени, од кои двајца во отсуство, а 10 лица биле ослободени од обвинението. Трајко Петрев бил осуден на смрт, а на доживотна робија Глигор Димев и Петар Димев, пет лица добиле казна робија на 10 години, двајца на 3 годишен и двајца на двегодишен затвор.
Она што посебно ги импресионирало сведоците на судењето и посебно на чинот на изрекувањето на пресудата, на кој присуствувале и австроунгарскиот и романскиот конзул, било достоинственото држење и високиот морал на осудените. Помеѓу осудените на десетгодишна робија бил и Даме Груев кој својот престој во битолскиот затвор, пред очите на корумпираните чувари, го искористил во засилена револуционерна дејност.

Тука, тој двапати се сретнал и со Гоце Делчев, кога овој одејќи за Костурско, минувал низ Битолско. Од затворот Груев ги држел сите конци на ТМОРО во Округот, а за тоа придонесла извонредната координација со Ѓорѓи Поп Христов, неговиот близок соработник и приврзаник кој без поговор ги извршувал поставените задачи. Така било до мај 1902 година, кога од затворот во Битола, Груев бил преместен во Подрум Кале.

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top