На прво место

Мицкоски од Кичево: Реформите не се само промени на Уставот, фокусирани сме на суштинските работи

Македонска Нација

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, за време на неговата посета во Кичево одговараше на прашања од новинарите, при што се осврна на реформската агенда, инфраструктурните проекти и поддршката што Владата ја дава за развојот на општините.

„Денеска извршив увид во спортската сала „Јанчица“ во Општина Кичево, каде по настанатите штети од поплавите активно се работи на санација и реконструкција на објектот. По целосното завршување на активностите, салата ќе биде ставена во функција и ќе им биде достапна на граѓаните и младите спортисти“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека бил извршен увид и во реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, како и на улица во село Србица, проекти кои, како што рече, придонесуваат за подобра инфраструктура и поквалитетни услови за живот на граѓаните.

„После долги години застој, гледаме дека почнуваат да се забележуваат првите знаци на развој и во периодот којшто следи ние како Влада ќе продолжиме да го помагаме развојот на Општина Кичево. Продолжуваме посветено да инвестираме во обновата и развојот на локалната инфраструктура“, нагласи премиерот.

Одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда, Мицкоски потенцираше дека Владата е целосно посветена на реализација на реформите и дека тие не се сведуваат само на уставни измени.

„Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека на состанокот со Герт Јан Копман, претставник во рамките на Европската комисија, бил изразен оптимизам дека Македонија ќе успее да ги испорача речиси сите точки од реформската агенда.

„Сите сме оптимисти дека од оние десет можеме девет и пол да испорачаме, а може и десет, буквално така заклучивме, кои се во грејс-период“, рече премиерот.

Според него, дел од реформските процеси зависат и од учеството на опозицијата, особено во однос на Изборниот законик.

„Се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека ќе се вратат во работната група и ќе го усвоиме сите заедно овој реформски закон. Затоа што реформите не се само промени на Уставот“, истакна Мицкоски.

Во својата изјава тој упати и критики кон раководството на СДС, оценувајќи дека реформите треба да се мерат преку конкретни резултати и суштински промени.

„Но, реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот, туку има уште многу посуштински работи што треба да ги завршиме. Е ние сме фокусирани на суштинските работи“, порача Мицкоски.

Најново од: На прво место

Мицкоски со претставници на американската воена индустрија – замислете на ваква средба да седне Зајко или Филипче

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Сотирис Минас – Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Понекогаш силното сведоштво за еден народ доаѓа и од човек кој не му припаѓа по раѓање, но решил да го запознае, да го научи неговиот јазик и без предрасуди да ја побара вистината. Таков е грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – човек кој самиот го научил македонскиот јазик и преку поезијата гради мост меѓу […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

Најнови вести

To top